
Де Лаурентис открива: Кварацхелија пред три години беше поскап!
Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис открива дека тие сакале да го купат Кварацхелија уште пред три години, но тогаш им побарале повеќе пари отколку минатото лето.
„Го видовме него пред три години, но тогаш ни бараа 30 милиони евра, а ние загубивме 200 милиони евра поради ковид пандемијата, па тогаш не можевме да си го дозволиме“, вели Де Лаурентис.