
Де Лаурентис глава го боли: Имам 49 кандидати за тренер на Наполи!
Откако италијанските медиуми во изминативе две недели почнаа да шпекулираат со низа имиња како потенцијални наследници на Спалети, Де Лаурентис побара трпение зашто има неверојатна листа од која ќе треба да го избере најдобриот можен кандидат, а работата воопшто не му е лесна.
„Имав почетна листа од 22 имиња, сега таа дојде до 49 кандидати. Ќе ни треба време прво да видиме кој сѐ е достапен, па дали е добар за нашиот клуб, за нападот, за одбраната, дали ќе се прилагоди на наполитанскиот начин на живот. Сето тоа ќе треба време за да го избереме најдоброто решение“, рече Де Лаурентис.
Наполи сезонава дојде до својата трета титула во историјата, прва по пауза од 33 години.

