
Де Хеа пред изненадувачки трансфер во второлигаш од Шпанија!
Станува збор за екипата на Елденсе, која во моментов е на 11. позиција на табелата, а која сака да фати приклучок со позициите кои водат во баражот за место во елитата. Искусниот чувар на мрежата би потпишал договор до летото 2025 година, а во случај клубот да избори место во елитата, договорот би бил продолжен со дополнителни бонуси.
Шпанските медиуми наведуваат и дека само лекарските прегледи го делат Де Хеа од потпис на договорот со Елденсе, а се очекува се да биде завршено до крајот на оваа недела.