
Де Хеа договори едногодишна соработка со тим од Серија А
Де Хеа беше слободен агент откако замина од Манчестер јунајтед, но реши да му се врати на фудбалот и да потпише за калчолигашот, додека во неговиот договор ќе има клаузула според која може да ја продолжи соработката за уште една сезона.
Според шпекулациите, Де Хеа ќе добие плата од три милиони евра годишно од Фиорентина.
