
Де Брујне признава: Ќе одам во Саудиска Арабија поради парите
Мразот го скрши Кристијано Роналдо, а по него уште голем број славни фудбалери тргнаа во таа насока. Некои бесрамно тврдеа дека им се допаѓа предизвикот, но меѓу нив не е Кевин де Брујне кој признава дека би одел таму за пари.
„На моја возраст, мора да бидете отворени за се. Зборуваме за неверојатни суми во последните години од кариерата и затоа треба да размислам за тоа, морам да мислам на иднината. Ако играм две години во Саудиска Арабија, ќе заработам повеќе пари отколку за досегашните 15 години во Европа“, призна белгискиот репрезентативец.
Неговото заминување во Саудиска Арабија веројатно нема да се случи летово, но не е исклучено идната година, сепак, да замине таму.

