
Де Брујне беше заменет, па влезе во расправија со Гвардиола
Поради тоа, при излегувањето од теренот влезе во вербална расправија со менаџерот Пеп Гвардиола со кого неколку секунди се објаснуваше за неговата одлука. Белгиецот повторно беше еден од најдобрите, дури и асистираше за голот на Стоунс, но мораше да му го отстапи местото на својот сонародник Џереми Доку.
На крајот Гвардиола отиде и до местото каде што седеше Де Брујне за да ја смири тензијата, а по натпреварот изјави дека е среќен што неговиот фудбалер така реагира затоа што тоа зборува за неговата желба за победа.
