Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ
Економија

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

17/05/2024

AA

Стартап филозофијата е многу
специфична – од тоа како им пристапувате на бизнисот, обврските,
одговорностите, до тоа колку сте посветени и подготвени да одговорите на сите
задачи кои ви ги носи водењето на вашата стартап компанија, вели директорот на Telekom
Srbija Venture Fond, Давор Сакач
со кога разговаравме за актуелностите во стартап еко системот и развојот на
овој сектор во ера на вештачка интелигенција и роботика.

Со
оглед на тоа што балканскиот регион претрпува брза трансформација, кои сектори
или индустрии кои се во развој ги гледате како особено ветувачки за инвестиции
и како планирате да ги искористите овие можности?

Сакач: Секако не би го одвојувал регионот
на Западен Балкан од глобалната слика во овој момент кога зборуваме за новите
технологии што се во фокус – тоа секако се вештачката интелигенција (ВИ),
машинското учење, роботиката, биотехнологијата, медицинската технологија. Во
согласност со тоа, и ние како фонд го следиме тој тренд, така што повеќе од
половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и
имплементацијата на ВИ, но и на другите области на кои се темели понатамошниот
развој на индустриската револуција 4.0. Важно е да се напомене дека TS Ventures Fond е основан од
страна на групацијата Телеком Србија, која ја предводи дигиталната
трансформација во регионот и е убедлив лидер на пазарите на Западен Балкан.
Така што, ние како Фонд ја следиме стратегијата на понатамошниот развој и
ширењето на Телеком Србија која, меѓу другото, се базира на имплементацијата на
дигиталните услуги.

Со
какви уникатни предизвици и можности се среќавате кога ги оценувате
потенцијалните инвестиции во регионот на Балканот и како соодветно ја
прилагодувате вашата инвестициска стратегија?

Сакач: Кога разговараме за стартапите, она
што секогаш се појавува како тема е зрелоста на нивниот бизнис, разбирањето на
деловните предизвици, подготвеноста на тимовите да се шират и да го разберат
глобалниот бизнис. Важно ни е уште во таа рана фаза да процениме колкав е
потенцијалот за раст, развој и ширење на нивниот бизнис, по што ќе процениме
дали ќе инвестираме или не. Основачите на стартап компаниите мора да нè yбедат
со своите досегашни резултати и показатели дека имаат многу јасна визија и
разработен детален бизнис план.

Дали би
можеле да споделите забележителна успешна приказна од вашите инвестиции во
балкански стартапи, истакнувајќи некои конкретни фактори кои придонеле за
нивниот раст и успех на овој пазар?

Сакач: За само две години од постоењето
на Фондот можам да кажам дека постигнавме невозможни резултати, поточно нешто
што не е забележано досега на овие простори. Инвестиравме во 11 стартапи и го
забележавме првиот излез. Имено, инвеститор од Блискиот исток направи
аквизиција на еден наш стартап. Потоа, дури 5 стартапи кои се базираат на ВИ
технологија имаат огромен потенцијал да станат „unicorns“, a четири стартапи,
после нашите инвестиции, успеаја да подигнат големи нови рунди инвестиции од
страна на меѓународни фондови.

Како
Телеком Србија фонд придонесува за поттикнување на иновациите и
претприемништвото на Балканот, и каква поддршка нудите на стартапите во
регионот освен финансиските инвестиции?

Сакач: TS Ventures Fond е првиот корпоративен фонд за ризичен
капитал во овој дел од Европа кој настана како резултат на новите стратегии на
Телеком Србија – како одговор на актуелните предизвици со кои се соочуваат
телекомуникациските оператори глобално – а тоа е, како да се пронајдат нови
начини за добивање приходи и профит. Дополнително, кога зборуваме за основањето
на еден ваков Фонд, важно е да се каже дека TS Ventures секако претставува еден од клучните столбови на
трансформација на традиционалните телеком оператори во телеком компании на
иднината.

Што се однесува до поддршката, ние
функционираме така што од стартап компаниите се очекува да работат сосема
независно, бидејќи нè убедиле во својата зрелост поради што и сме одлучиле да
инвестираме во нив. Но секако дека секогаш можат да сметаат на нас и на нашиот
меѓународен тим стручњаци и експерти кои им помагаат да продолжат кон својата
цел – зголемување на бројот на корисници и отворање нови пазари.

Имајќи
го предвид вашето долгогодишно искуство во регионалниот стартап екосистем, како
гледате на улогата на ризичниот капитал што се развива во регионот во следната
деценија и кои стратешки иницијативи предвидувате да ги спроведете за
понатамошно катализирање на растот и иновациите во рамките на овој динамичен
пазар?

Сакач: Приказната околу ризичниот капитал
се интензивираше во последните пет години, и во тој поглед нашиот регион е
многу стабилен. Затоа во наредните десет години очекуваме целиот тој ризичен
капитал дополнително да се развие и унапреди така што стартап компаниите од
овие простори ќе можат и локално да затвораат нови рунди финансирање. Исто така
очекуваме големи „излези“, а тоа значи дека парите ќе се вратат во локалниот
екосистем така што основачите на стартап компаниите или ќе го започнат новиот
бизнис од почеток (ќе основаат нова стартап компанија за развој на некои нови
идеи) или ќе инвестираат во други перспективни стартап компании како
ангели-инвеститори.

Во Скопје бевте присутен како еден од учесниците на Longest Pitch Marathon. Какви се вашите впечатоци од презентираните проекти и од средбите со претставниците на македонскиот стартап сектор?

Сакач: Впечатоците се сјајни. Пријатно сум
изненаден од сето тоа што имав прилика да го видам од страна на организаторите
и стартап компаниите кои учествуваа. Стартап филозофијата е многу специфична –
од тоа како им пристапувате на бизнисот, обврските, одговорностите, до тоа
колку сте посветени и подготвени да одговорите на сите задачи кои ви ги носи
водењето на вашата стартап компанија. Затоа, секогаш ми е драго кога се
среќавам со тие нови генерации претприемачи и сведочам колку сите заедно сме
напредувале во односот кон бизнисот. Исто така, задоволство е да се среќаваме и
да разменуваме што повеќе искуства и знаења на ниво на Западен Балкан. На тој
начин, со заеднички сили го унапредуваме и зајакнуваме комплетниот стартап
екосистем во регионот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy