Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДАВКОВА ОД ЊУЈОРК СО КРИТИКА ДО ЕУ: „Проширувањето е тест дали ќе бидете унија на правила или на двојни стандарди“
Македонија

ДАВКОВА ОД ЊУЈОРК СО КРИТИКА ДО ЕУ: „Проширувањето е тест дали ќе бидете унија на правила или на двојни стандарди“

24/09/2025

AA

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, од говорницата на самитот „Конкордија“ во Њујорк, упати остра порака до Европската Унија, обвинувајќи ја дека го изневерува принципот на мултилатерализам на сопствениот континент и дека процесот на проширување го претворила во тест за сопствениот кредибилитет.

Обраќајќи се на собирот што се одржа на маргините на Генералното собрание на ОН, претседателката нагласи дека ЕУ, како проект за мир базиран на Копенхагенските критериуми, не смее да си дозволи контрадикторност и двојни стандарди.

„Проширувањето не е техничко прашање, туку тест за тоа дали ЕУ ќе го одбере патот на concordia (слога) или discordia (несогласување), дали ќе биде Унија на правила и стандарди, или Унија на двојни стандарди и контрадикции“, посочи Сиљановска Давкова.

Таа директно го адресираше и проблемот со билатералните блокади, повлекувајќи паралела меѓу Балканот и Скандинавија.
„Ние можеме да направиме сè што е потребно во економијата, реформите, но сепак, нашите преговори зависат од нашите соседи. За разлика од Скандинавија која ги поддржа балтичките земји за ЕУ, нашите соседи често користат вето при приемот на нови членки“, рече претседателката.

Поради ова, таа повика на итни промени во начинот на одлучување во Европската Унија, особено укинување на правото на вето во процесот на проширување, став кој, како што потсети, неодамна го потенцираше и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. „За членство е потребен консензус и ако една земја не се согласува, не можете да станете членка на ЕУ. Затоа, крајно време е да се направат промени“, заклучи Сиљановска Давкова.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЛИЦАЕЦ ЗАТЕКНАТ КАКО ДИЛА ДРОГА ВО ЗАТВОР Му нашле кокаин,

23/11/2026
Македонија

СРБИН ЛЕТАЛ СО 158 КМ НА ЧАС Приведен е на

23/11/2026
Македонија

УНГАРИЈА ОСТАНУВА СИЛЕН ПОДДРЖУВАЧ НА МАКЕДОНИЈА Муцунски се сретна со

23/11/2026
Македонија

МЛАДИТЕ ШТО ПРОТЕСТИРААТ ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ИМААТ СОГОВОРНИК ВО ПРЕМИЕРОТ Мицкоски

22/11/2026
Македонија

20% ПОВЕЌЕ УСЛУГИ ЗА СТУДЕНТИТЕ И ЗА МЛАДИТЕ Поволностите ќе

22/11/2026
Македонија

СТАНОВИТЕ ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ДВОЈКИ ЌЕ БИДАТ ЗА 20% ПОЕВТИНИ

22/11/2026
Македонија

ПОЧИНА БИЗНИСМЕНОТ БОШКО РЕМИС Се занимаваше со градежништво и со

22/11/2026
Македонија

НЀ ОЧЕКУВА ДОЖДЛИВА НЕДЕЛА На планините ќе има снег

22/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46889
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЛИЦАЕЦ ЗАТЕКНАТ КАКО ДИЛА ДРОГА ВО ЗАТВОР Му нашле кокаин, куршуми и украден паричник

23/11/2026

СВР Струмица, до Основно јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против Р.С.(50) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека

СРБИН ЛЕТАЛ СО 158 КМ НА ЧАС Приведен е на Табановце и однесен во полициска

23/11/2026

На граничниот премин Табановце лишен од слобода e српски државјанин, кој управувал возило со брзина од 158 км/час на место

УНГАРИЈА ОСТАНУВА СИЛЕН ПОДДРЖУВАЧ НА МАКЕДОНИЈА Муцунски се сретна со министерката Орбан

23/11/2026

Во рамките на министерскиот состанок на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“ во Атина, министерот за надворешни работи и надворешна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy