Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДАВА СТРУЈА КОЛКУ ЕДЕН БЛОК НА РЕК БИТОЛА – се огласи ЕСМ за присоединувањето на ТЕЦ Неготино, велат дека е оправдано
Економија

ДАВА СТРУЈА КОЛКУ ЕДЕН БЛОК НА РЕК БИТОЛА – се огласи ЕСМ за присоединувањето на ТЕЦ Неготино, велат дека е оправдано

19/03/2024

AA

Согласно изготвената
анализа за присоединување на АД ТЕЦ Неготино кон АД ЕСМ Скопје,
утврдена е оправданоста од присоединувањето со што се овозможува поефикасно и економски
поисплатливо искористување на производствениот капацитет на АД ТЕЦ Неготино,
порационално управување, искористување на оперативниот, производствен и
управувачки персонал, соопшти денеска компанијата.

„Енергетската криза од
2021 година претставува пресуден аргумент за нужноста од интегрирањето на АД
ТЕЦ Неготино во рамки на АД ЕСМ Скопје, како од аспект на диверзификација на
ризик, така и од аспект на стабилност и континуитет во производството на
електрична енергија на државно ниво. Исто така треба да се има предвид дека
двете компании се лиценцирани за производство на електрична енергија, па
ваквиот предлог за статусна промена – присоединување на АД ТЕЦ Неготино кон АД
ЕСМ – Скопје е целосно оправдан и реализиран“, се вели во известувањето кое државните електрани го испратија до медиумите.

Кога започна
енергетската криза, како што додаваат оттаму, Владата даде согласност на
АД ЕСМ да го активира со работа ТЕЦ Неготино за времено дополнително
производство на електрична енергија во услови на енергетска криза, и заклучно
со 2022 година произведени беа 412.692 MWh електична енергија, а заклучно со 31
Декември 2023 година произведе 346.248 MWh.

„Произведената електрична
енергија во ТЕЦ Неготино, за време на енергетската криза, АД ЕСМ ја искористи
во еден дел за потребите за снабдување на домаќинствата и малите потрошувачи во
случаи на кусоци, дел за потребите на АД МЕПСО, а дел ја понуди на продажба на
слободен пазар на домашните стопански субјекти, по цени пониски од цените на
берзата“, објаснуваат од ЕСМ.

Термоелектраната „Неготино“ почнала  да се гради 1974, а изградена е во 1978
година. Последен пат претходно работела во производството на електрична енергија во 2009 година, за во 2022
година по 12 години пауза како „ладна резерва“, во услови на енергетска криза
да биде вклучена за само 40 дена.

ТЕЦ Неготино има вкупен расположив
капацитет за производство од 180 мегавати, што е приближно еден блок на РЕК
Битола.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy