
Дарко Митровиќ го фати светиот крст во реката Вардар во Скопје
Дарко Митровиќ беше најсреќен меѓу учесниците на денешното Богојавление и го фати светиот крст, кој беше положен во водите на реката Вардар во Скопје од поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан.
Со ова традиционално положување на крстот, Дарко се стекна со благослов и среќа за претстојната година, во духот на вековната православна традиција.
Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот, водите стануваат лековити.
