
Данска со шеста победа по ред го потврди полуфиналето на ЕП, а ја повлече и Шведска!
Неизвесноста на овој меч траеше само во првите неколку напади, по следуваше серија 10-2 на актуелниот светски шампион за водство 13-5, кое беше најголемо на средбата и кое на Данците им гарантираше мирно продолжение. До крајот двете селекции одиграа рутински, со оглед што веќе беше јасно кој ќе победи на овој натпревар. Гидсел, Линдберг и Питлик со по пет гола беа најпрецизни во победничкиот тим, додека Блонц со ист број погодоци беше најефикасен кај Норвежаните.
Во пресрет на последното коло, на табелата во групата прва е Данска со максимални осум бода, втора е Шведска со шест и со речиси обезбедена виза за полуфиналната фаза, па следуваат Португалија и Словенија со по четири бода, со што до крај ќе се борат за третото место кое носи разигрување за место во олимписките квалификации. Норвешка има два бода, а Холандија е без бодови со што веќе се испадната од било каква комбинација.
