
Данска се бореше храбро, но загуби од Чешка
Чесите доминираа во првиот сет и го добија со 25-15, по што Данска даде поголем отпор во продолжение од мечот и следниот сет го освои со 25-23.
Данска беше блиску да го освои и третиот сет, меѓутоа Чешка успеа да стигне со 29-27 и потоа со сигурна игра во четвртиот сет да стигне до 25-22 за прва победа во групата.
Во групата Ц по една победа имаат Полска, Холандија, Македонија и Чешка, додека Црна Гора и Данска немаат триумф.
Германија вечерва оствари убедлива победа против Швајцарија од 3-0.

