Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Данок на солидарност за сите компании кои за време на енергетската криза оствариле поголем профит од просекот во последните 3-4 години
Македонија

Данок на солидарност за сите компании кои за време на енергетската криза оствариле поголем профит од просекот во последните 3-4 години

02/02/2023

AA

Компании, најверојатно од сите сектори, кои за време на енергетската криза оствариле дополнителни профити од просекот во последните 3-4 години, ќе бидат опфатени со т.н. данок на солидарност, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Оценката кои правни субјекти ќе плаќаат ваква дополнителна давачка, ќе оди преку УЈП, односно преку доставувањето на завршните сметки.

Детали за ова законско решение кое вчера доби „зелено светло“ од Владата, како што најави Бектеши, ќе соопшти утре или најдоцна задутре министерот за финансии Фатмир Бесими.

-Како Министерство за економија целосно го поддржуваме ова законско решение, посебно што повикувавме на солидарност, посебно од компаниите кои оствариле големи добивки во време на енергетската криза. Законот е во таа насока. Земен просекот од претходните 3-4 години на приходите на одредени компании. Ако има зголемување на приходите во последната година, секако дека ќе платат дополнителен данок кој се вика данок на солидарност, за товарот да не биде на наредните генерации, на тие што сега живеат и во делот на намалување на дефицитот. Ако знаеме дека ЕУ за нашата држава обезбедила 80 милиони евра во делот на справување со енергетската криза, секако дека ние треба да покажеме посветеност и тие кои направиле дополнителни добивки да плаќаат повеќе споредбено со тие кои биле целосно поддржани од страна на државата за да опстојуваат и да ги зачуваат работните места, објасни Бектеши.

Според него, најверојатно со данокот ќе бидат опфатени и енергетските компании кои се формираа минатата година, а посебно компаниите во делот на снабдувањето со нафта и нафтени деривати, имајќи предвид дека и маржата им била зголемена во време на енергетската криза зашто повикувале дека нема да снабдуваат, односно дека нема да работат со бензинските пумпи.

-Секако дека и тие кои произведуваат електрична енергија, имајќи предвид дека повеќето од малите хидроцентрали, одредени производители на електрична енергија кои имаа фидинг тарифи одлучија да се откажат од фидинг тарифите кои беа 180 евра по мегават час во делот на малите хидроелектрани и помали, за да преминат на слободен пазар за да можат да добиваат поголеми суми, имајќи предвид дека на слободен пазар се повикуваат на хупекс берзата и тие ќе бидат сите опфатени и јас мислам дека тие компании повеќето се општествено одговорни компании и ќе им излезат во пресрет на стопанството, а посебно на граѓаните и ќе целосно ќе ја поддржат оваа одлука од страна на Владата, истакна Бектеши.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy