
Данил Медведев – прв полуфиналист на Мастерсот во Торино
Мечот траеше 107 минути, а Зверев ја испушти својата шанса во тај-брејкот од првиот сет. Германецот имаше водство од 4-1 и потоа од 6-5 на свој сервис, но не ја искористи сет топката и тоа скапо го чинеше. По неколку размени на водството, повторно Зверев загуби поен на свој сервис, сега при 8-7 за Медведев и рускиот тенисер дојде во водство од 1-0.

Во вториот сет се играше израмнето до 4-4, потоа Медведев поведе со 5-4 и на сервис на Зверев дојде до првиот брејк, со тоа и до победа на овој меч.
Вториот патник во полуфиналето ќе биде познат по натпреварите од последното коло кои се играат в петок. Медведев ќе се сретне со Алкараз, а Зверев со Рубљев.
