Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дамева во Собранието: Штом сум се нафатила на оваа работа, знам да се носам со навредите, со заканите и со се друго
Македонија

Дамева во Собранието: Штом сум се нафатила на оваа работа, знам да се носам со навредите, со заканите и со се друго

15/03/2023

AA

Собранието денеска ја продолжи 71. седница со дебата за Извештајот за работата на Судскиот совет за 2021 година, на која присуствуваше и претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева.

Таа не одговори на прашањето на опозициските пратеници дали ќе поднесе оставка од морални причини, по одлуката на Уставниот суд и нејзините врски со власта, ниту пак дали се истражени наводите на претходната претседателка на Советот, Павлина Црвенковска, која тогаш изјави дека „идниот претседател ќе биде подобен за оваа судско-бизнис елита“.

– Беа истакнати сериозни навреди кон мојата личност и интегритет. Сметам дека денеска на разгледување е годишниот Извештај, но како и да е јас штом сум се нафатила на оваа функција пред се и над се знам да се носам и со заканите и со навредите и со се друго што следува, рече Дамева.

Во врска со изјавата на нејзината претходничка, посочени од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, таа кажа дека наводите се „паушални и непоткрепени со докази и не може во овој момент да се верификува нивната основаност и вистина“.

– Јавно ја прашав на првата седница по мојот избор да се произнесе во смисла Судскиот совет да застане на столбот заштитник на самостојноста и независноста на судството, меѓу кои и на членовите на Судскиот совет, меѓутоа истата не се произнесе. Верувам надлежните институции до крај ќе го испитаат овој случај, за да не остане каков било сомнеж или дамка по однос на таквите паушални наводи, кои до денес барем мене не ми е познато дека се поткрепени со докази, рече Дамева.

За изборот на претседател на Судскиот совет, Дамева рече дека е изненадена зошто нејзе и се поставува тоа прашање, бидејќи треба да се постави тука во Парламентот како законодавен дом.

– Доколку во тој момент во 2019 година, кога е изготвен новиот Закон за судски совет не било прифатливо за пратениците, воопшто не требало да се донесе тој закон. Јас од почетокот, уште кога тој закон се донесе не бев ни член, коментирав дека поради еднаквост мора да бидат опфатени сите членови и секој со својот интегритет, па самите 13 членови меѓу себе да одлучуваат дали за претседател ќе изберат судија или може довербата ќе му ја поклонат на некој што е избран од Собранието, рече Дамева.

Таа додаде дека тоа е во однос на еднаквоста, а не по начинот на избор „како што некој милува да каже од редот на политиката“. – Тоа не се согласувам. Начинот на избор е еден, однесувањето и постапувањето на секој од нас е нешто друго, рече Дамева.

За реакцијата на Уставниот суд, рече дека тој не реагирал веднаш и оти таа иницијатива е поднесена пред скоро година и пол-две.

– Можеби се поклопило времето на преотворање или кончено одлучување, меѓутоа воопшто не е нова и не е иницијатор нечија изјава за донесување на одлука на Уставен суд, рече претседателката на Судскиот совет.

Дамева истакна дека во однос на непропорционалноста на распределување на предметите, веќе е донесена Методологија за сложеност на предметите која ќе се имплементира и врз основа на таа ќе биде реална и нормата и распределбата и констатацијата. За ажурноста рече дека се виновни сите – и Судскиот совет, и обвинителството и вештаците, па и странките и адвокатите и целокупната јавност.

Пратеникот Антонио Милошоски ја праша Дамева дали ќе поднесе оставка за да овозможи други кандидати да бидат избрани фер, посочувајќи на одлуката на Уставниот суд, како и дали се истражени наводите на претходната претседателка на Судскот совет Павлина Црвенковска.

– Одлуката на Уставниот суд да се укине членот 8 став 3 од Законот за Судскиот совет не е случајна, ниту пак измените кои што беа направени во 2019 година тука, не беа случајни. Тие измени беа за да може партиски послушник на СДСМ да стане претседател на Судскиот совет, иако ниту еден ден не бил судија, рече Милошоски кој потенцира дека одлуката на Уставниот суд треба да се почитува.

Драган Ковачки, исто така од ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека во судството, кое е неефикасно, се настапува селективно и дискриминаторски и во него се испреплетени бизнис-криминални и партиски интереси.

– Судството е и цел, но и извор на корупција, рече Ковачки додавајќи дека граѓаните ја имаат изгубено довербата во судството. Нам ни требаат реформи, но според пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, ни треба и генерален ремонт во судството.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дебатираа за состојбата во судството и за делови од Извештајот и, како што посочија, покрај тоа што се работи за документ од 2021 година, а денеска сме 15 март 2023 година.

Продолжението на оваа 71. седница ќе биде закажано за друг, а попладнево Собранието ќе продолжи со работата по продолженијата на точките од дневен ред на 100. и 103. седница.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА ДА СЕ ЗАШТИТИ ОД ИРАЦИОНАЛНИ ОПСТРУКЦИИ Претседателката Сиљановска-Давкова

23/09/2026
Македонија

ИМАМЕ ЦВРСТИ ОДНОСИ СО САД КОИ НЕ ПРЕПОЗНАВААТ КАКО КЛУЧЕН

23/09/2026
Македонија

ОСТАНУВААТ ПРАВИЛАТА ЗА ПОЛИТИЧКО РЕКЛАМИРАЊЕ ФИНАНСИРАНО ОД ДРЖАВАТА Уставниот суд

23/09/2026
Македонија

ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ ИЗВАДИЛ ПОТВРДА ОД ЛЕКАР-ДОНАТОР НА СДСМ Манасиевски за

23/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ПЛЕНКОВИЌ ВО ЊУЈОРК Во фокусот – европската перспектива, регионалната

23/09/2026
Македонија

ПОЛИЦАЈЦИ НЕКОЛКУ ДЕНА СПИЕЛЕ НА НИВА ЗА ДА ГИ ФАТАТ

23/09/2026
Македонија

ТУРИСТКА ОД ГЕРМАНИЈА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ОХРИДСКИ ХОТЕЛ Наредена е

23/09/2026
Македонија

БЕЗ СОПСТВЕНИ ВИ-МОДЕЛИ И ДАТА-ЦЕНТРИ МАКЕДОНИЈА РИЗИКУВА ДА СТАНЕ ДИГИТАЛНА

23/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45760
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА ДА СЕ ЗАШТИТИ ОД ИРАЦИОНАЛНИ ОПСТРУКЦИИ Претседателката Сиљановска-Давкова го прими известувачот Томас Вајц

23/09/2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими европратеникот и постојан известувач на Европскиот парламент за земјава, Томас Вајц, придружуван од шефот

ИМАМЕ ЦВРСТИ ОДНОСИ СО САД КОИ НЕ ПРЕПОЗНАВААТ КАКО КЛУЧЕН ПАРТНЕР Министерот Муцунски за впечатоците

23/09/2026

Во периодот од формирањето на новата администрација на претседателот Трамп, ние имаме засилени односи и постојана комуникација на сите нивоа

ОСТАНУВААТ ПРАВИЛАТА ЗА ПОЛИТИЧКО РЕКЛАМИРАЊЕ ФИНАНСИРАНО ОД ДРЖАВАТА Уставниот суд со 5:3 гласа ја отфрли

23/09/2026

Уставниот суд денеска не поведе постапка по иницијативата на Левица со која беа оспорени одредби од Изборниот законик поврзани со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy