
Дамева се враќа, прифатено барањето за оставка на претседателот Сашко Георгиев
Денеска на итна седница Судскиот совет го прифати барањето за оставка на претседателот Сашко Георгиев.
Согласно пресудата на Управен суд, советот одлучи да ја врати на функција поранешната претседателка Весна Дамева, која беше разрешена во мај минатата година. Тогаш нејзиниот заменик, Селим Адеми, побара да се гласа за нејзино разрешување, а по разрешувањето, таа поднесе тужба до Управниот суд.
Георгиев во своето излагање нагласи дека неговото назначување воопшто не е дел од пресудата на Управен.
„Вчера ја добивме одлуката од Управен суд. Сметам дека е потребно да истакнам дека мојот избор за претседател не е воопшто предмет на оваа пресуда“, рече тој дополнувајќи дека немал никакви притисоци и влијанија.
„Исклучително совесно, професионално и одговорно работев и го претставував Советот. Сум можел и сме можеле уште многу повеќе и многу подобро“, рече тој
