Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дамева разрешена, нов претседател на Судскиот совет ќе се избира на 2 мај
Македонија

Дамева разрешена, нов претседател на Судскиот совет ќе се избира на 2 мај

27/04/2023

AA

Седницата на Судскиот совет на која треба да се гласа нов претседател е закажана за 2 мај во 11 часот. Заменик-претседателот на Советот Селим Адеми, кој вчера со седум гласа ја разреши претседателката Весна Дамева без присуство на сите членови на ова тело, денеска побара одлагање за неколку дена, поради, како што рече, важноста на прашањето, како што е избор на нов претседател, за кое би било добро присуство на сите 13 членови.

– Денеска беше закажана 439 седница, но веќе дебатиравме дека кога се прави избор на претседател на Судски совет, добро е и пожелно сите 13 члена да бидат присутни и Советот да биде во полн состав. Но, од оправдани причини еден член на Судскиот совет не е присутен и сите се согласуваме дека кога имаме ваква важна точка треба да сме сите присутни и од тие причини предлагам да се одржи за 2 мај, изјави на седницата заменик-претседателот.

Разрешената претседателка Дамева произнесувајќи за предлогот за одлагање на седницата рече дека се надева дека во наредните денови ќе има доволно време да се обезбеди потребното мнозинство.

-Мене ми е навистина непријатно што ова се случува. Иако морам да бидам искрена, како што сум била секогаш, дека очекував дека ќе имате мнозинство да се изгласа во овој момент, но ќе оставиме уште два дена да видиме дали вашето незаконско разрешување без проверена каква било постапка понатаму на некој начин ќе се легализира. Спомнувајќи од ваша страна преку Уставен суд итн. не навлегувам. Но требаше да не заштитите вие како заменик-претседател и одговорен во овој момент претседавач на оваа седница, да не заштитите од сите можеби влијанија, притисоци, закани итн. И доблесно беше бидејќи ставот на секој судија и на секој член на Судски совет е во овој момент и сега ако никој нема изградено дефинирано став сега, тогаш колеги повторно потврдувам дека ние не сме на ниво на задачата да бидеме дел од ова судско тело, истакна Дамева.

Гласањето за одлагање на седницата продолжи, а откако Адеми истакна дека 8 гласала биле „за“ и двајца „против“, Дамева побара поединечно гласање по кое резултатот беше 4 „против“, наспроти 8 „за“.

Тој не даде изјава за новинарите, кои побараа појаснување на забелешките на невладините и експертите дека вчерашното разрешување на Дамева е незаконско и против процедурите и Деловникот, а не одговори ниту како вчера за разрешувањето не се барало присуство на сите членови, а денеска за изборот на нов се бара.

Адеми во присуство на Дамева, по неколку часа тензии и караници на седница во Советот вчера го презеде раководењето со седницата и предложи да се гласа за нејзино разрешување со кревање рака. За разрешувањето на Дамева гласаа седум членови – Селим Адеми, Миљазим Мустафа, Ханиф Зендели, Мирсад Суроји, Сашко Георгиевски, Лорета Георгиева и Павлина Црвенковска, по што заменик-претседателот констатира дека актуелната претседателка е разрешена и веќе не може да раководи со седницата и ја закажа денешната за избор на нов претседател.

Коалицијата „Сите за правично судење“ за вчерашната седница на Судскиот совет на РСМ изготви извештај во кој меѓу другото се наведува дека престанок на мандат, во смисла на разрешување, може да постои само како резултат на сторена дисциплинска повреда согласно членот 34 од Законот за Судски совет. Од Колицијата појаснуваат дека за да постои каква било дисциплинска мерка или разрешување на член на Советот, претходно мора да биде спроведена дисциплинска постапка согласно членот 35, односно да биде поднесено формално образложено барање поткрепено со докази, доставено од кој било член на Советот или најмалку 20 судии. На ваквото барање, членот против кого се однесува, може да достави одговор во рок од 8 дена од денот на добивање на барањето со доказите, по што во рок од 2 дена претседателот, односно заменик претседателот на Советот ги доставува материјалите до останатите членови и закажува седница на која ќе се расправа по барањето.

-По ова, за да може да се донесе одлука за разрешување на член на Советот, за истата мора да гласале најмалку 8 члена со
право на глас, при што мора да гласале за разрешувањето и најмалку двајца членови избрани од Собранието, а притоа членот за чија одговорност се одлучува и членот кој е подносител на барањето не учествуваат во гласањето. Поради ова, Судскиот совет не можел да донесе одлука за разрешување од функцијата претседател на Судски совет без да донесе одлука за разрешување на членот како член на Судски совет, односно не ја испочитувал процедурата во која може да се одлучи за каква било дисциплинска одговорност на член, вклучително и претседателот на Судски совет, како и ја донел одлуката со несоодветно мнозинство, односно наместо со 8, одлуката ја донел со 7 гласа „за“, од кои еден бил и глас на членот кој ја покренал иницијативата за разрешување, нагласуваат од Коалицијата.

Разрешувањето на Дамева предизвика реакции во јавноста и кај експертите во правосудството дека всушност станува збор за непочитување на процедурата и Деловникот, а со став излегоа претседателот на држвата, пратеници во Собранието, ДКСК. Министерството за правда заради добивање повеќе информации испратило барање до Судскиот совет да ги достави на увид Записникиот од вчерашната седница, како и усвоениот дневен ред, на која беше разрешена претседателката Дамева. Во денешното соопштение од Министерството за правда се вели дека со голема загриженост ги следат настаните во Судскиот совет.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy