Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дали жените од руралните и урбаните средини имаат исти шанси за вработување?
Економија

Дали жените од руралните и урбаните средини имаат исти шанси за вработување?

16/03/2023

AA

Граѓаните велат
дека генерално за сите луѓе во нашето
општество наоѓањето работа е тешко, но според нив, жените кои живеат на село ги
немаат истите можности како жените кои живеат во урбана средина.

Географската
дистанца повлекува повеќе трошоци за патување до работното место и назад и
прашање е дали на повеќето жени ќе им се исплати да одат на работа во градот.
Според граѓаните, добро би било во иднина да се отвораат повеќе фабрики во
руралните средини.

„Финансиски не
одговара жените од село да одат на работа во град. Треба да плати превоз,
додека да стигне на работа губи време, но и да патува со свој автомобил пак е
исто, прави трошоци“, вели средовечна кумановка
.

Друга граѓанка
смета дека без врски, роднински или партиски жените без разлика каде живеат,
немаат голем избор за вработување.

„Нема правдина на
ова време. Јас имам завршено Економски факултет, ама што дека? Дваесет години
сум без работа, така што тешко е за сите“, рече друга невработена жена.

Од Рурална
Коалиција од Кичево објаснуваат дека жените кои живеат на село се во полоша
состојба. Тие направиле истражување кое укажува што е она што ги „кочи“ жените
од руралната средина за вработување.

„Кога ги
гледаме можностите за вработување, како и генерално економското јакнење на
жените од руралните средини во никој случај не можеме да кажеме дека можностите
кои што ги имаат жените од руралните со жените од урбаните средини се еднакви.
Зошто? Најпрво ќе тргнеме од достапноста на информацијата. Во истражувањето што
го работевме како Рурална Коалиција во текот на 2020 и 2021 година кога бевме
погодени од Ковидот и работевме на економското зајакнување на жените од
руралните средини и коишто беа едни од групите на граѓани коишто и најмногу
беа погодени, од 95 отсто од над
350 испитанички од руралните средини истакнаа дека немаат доволно информации
ниту за општите случувањата во државата, а уште пак помалку за вработување.
Најчеста причина за тоа беше наведена преголемата зафатеност на жените со
домашните обврски, грижата за домаќинството, стоката, постарите лица во
семејството, како и работата на нива. Потоа како причина беше наведена и
минималната дигитална писменост која што ја поседуваат жените од овие средини,
па многу потешко се снаоѓаат со паметните телефони, интернетот, пребарувањето
на информации, огласи за вработување, можности за самовработување“, вели Лилјана Јоноски, извршна директорка на Рурална
коалиција.

Понатаму, додава дека едукацијата
и степенот на завршено образование е исто така една од пречките да се снајдат и
добро да се позиционираат на пазарот на трудот. Жените најчесто се со средно образование со таа
напомена што во последните години кај младите девојки тој тренд се менува, па
има сè повеќе млади жени од рурални средини кои што имаат и факултетско
образование. Во однос на еднаквоста
на можностите за вработување, Јоноски споменува и уште два
многу важни елементи, првиот е немањето
на доволно градинки во руралните средини каде што жените би можеле да ги
остават децата на чување или пак немањето на можност било кој друг да им ги
чува поради работата на поле, како и немањето на јавен превоз за да стигнат до
град или пак до работното место.

„Има села
во Македонија коишто се само 7 километри, па и помалку оддалечени од градот,
но поради немањето на превоз до најблиската станица жените мора да одат пеш и
по 5 километри, па и да почнат да одат некаде на работа. Жените се откажуваат
по одредено време затоа што цела година да се оди пеш особено во зимски услови
не е воопшто ниту лесно ниту едноставно, а претежно се вработуваат на позиции во
фабрики каде што се минимално платени, па и најчестиот исказ од жените кои што
се нашле во оваа ситуација е дека за толку пари подобро ќе работат на нива
отколку да се соочуваат со различни предизвици секој ден кои што ги загрозуваат
нивното здравје и безбедност. За еднаквост во платите помеѓу мажите и жените,
пак воопшто не може да стане ниту збор. И тука би споменала уште една причина
која што сакале ние да ја признаеме или не, а тоа се традиционалните норми и
стереотипи. Во голем дел на села особено оние кои што се поодалечени од
градовите сè уште преовладува мислењето дека местото на жената е дома да се
грижи за домот, за семејството, за стоката, за нивите, па тоа е дел од
причините зошто голем дел од жените не се ни пријавуваат во Агенцијата за
вработување, па влегуваат во т.н. неформална економија и се невидливи за
пазарот на трудот. Во согласност со податоците од институциите и истражувањата во
секторот само 38 отсто од
жените од руралните средини се економски активни односно или се вработени или
пак активно бараат работа. Голем дел од нив не се ниту регистрирани во
земјоделската дејност која што ја вршат, па така во Македонија според
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство имаме околу 40.000
жени кои што се регистрирани и кои што си плаќаат пензиско и здравствено
осигурување од дејноста која што ја вршат“,
додава Јоноски.

Објаснува дека за да биде
подобро во иднина, потребен е редовен превоз во руралните средини, градинки,
преквалификација и доквалификација на жените, а доколку се занимаваат со
земјоделство, да можат да се регистрираат како индивидуални земјоделки.

Во оперативниот план за вработување низ годините наназад, па
и во тој за 2022 година како што вели Јоноски, нема
мерки кои што се прилагодени на потребите и специфичностите на овие жени и кои
што ќе овозможат лесно и брзо вклучување на пазарот на трудот. Вели дека од 2019 година, па наваму преку Програмата за
рурален развој се обезбедува финансиска поддршка за економски активности на
жените од руралните средини, но истата е премногу мала, односно 3.000 евра во
2019, 6.000 евра во 2022 година, за во 2023 година да се промени и моделот на
финансирање и да се обезбедуваат средства само за оние мажи и жени кои што ќе
развијат сопствен бизнис план за што ќе добијат поддршка од 10.000 евра како
претприемачи почетници.  Но, Јоноски вели дека не секоја жена е спремна за водење на бизнис и затоа
е потребно да се помогне со други мерки. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy