Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДАЛИ СТРАВУВАТЕ ДЕКА ГРУБИ МОЖЕ ДА СТАНЕ ЗАШТИТЕН СВЕДОК? Реакција на ЗНАМ на соопштенијата на СДСМ и на ДУИ
Македонија

ДАЛИ СТРАВУВАТЕ ДЕКА ГРУБИ МОЖЕ ДА СТАНЕ ЗАШТИТЕН СВЕДОК? Реакција на ЗНАМ на соопштенијата на СДСМ и на ДУИ

25/02/2026

AA

Утрово МВР го уапси Артан Груби на граничниот премин Блаце.

Кога министерот за правда Игор Филков бара одговорност со име и презиме, не станува збор за мешање во правосудството, туку обид да се врати довербата што беше разнишана во годините кога СДСМ и ДУИ создаваа механизми на селективна правда, кога институциите беа алатки на партиски интереси, а не на граѓаните, пишува во реакцијата на Движењето ЗНАМ, од чии редови доаѓа министерот за правда Филков.

„Имено, кога СДСМ се дрзнува да зборува за „сценарија“ и „дилови“, тие всушност се обидуваат да избегаат од сопственото политичко минато. Лесно е да се фрли сомнеж, но тешко е да се одговори за сопствените одлуки. Велат дека постои сценарио за враќање на Груби и некаков договор меѓу други политички субјекти. Но ако во оваа држава некој има историја на политички сценарија, договори зад затворени врати и обиди за контролирани враќања – тоа е токму коалицијата СДСМ/ДУИ.

Да се потсетиме: бегството на Никола Груевски се случи во време кога СДСМ/ДУИ ја водеа Владата. Институциите беа под нивна надлежност. Системот беше под нивна одговорност. Поранешниот вицепремиер Артан Груби беше главниот благајник на коалицијата СДСМ–ДУИ, човек преку кого поминуваа кадровските поделби, крупните инфраструктурни договори и политичките компромиси.

Во негово време и директно под негова контрола се туркаше договорот со Бехтел и Енка за Коридор 8 со специјален закон и авансни исплати, што отвори сериозни сомнежи за провизии и нетранспарентност. Лице осомничено за проневера од над осум милиони евра во случајот со Државна лотарија.

И кога се отвора прашањето за негово расчистување, наместо со факти, раководството на ДУИ одговара со драматизација, но во суштина стравуваат од целосно и неселективно расчистување. Од една страна, разбирлива е чувствителноста и нервозата кога станува збор за поранешни високи функционери што со години биле во самиот врв на одлучувањето.

Главниот оперативец на коалицијата СДСМ/ДУИ, Груби, е жива архива на политички и финансиски шеми што долго беа скриени од јавноста. Дали ДУИ се загрижени дека доколку Груби проговори ќе се отвори пандорината кутија? Дали стравуваат дека тој може да стане заштитен сведок и да ги открие сите шеми, договори и улоги што го одржуваа нивниот систем на моќ? – прашува ЗНАМ.

Движењето смета дека институциите мора да ја завршат својата работа темелно, транспарентно и без селекција.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Измамен маж од Битола за 10.000 евра, му кажале дека

25/02/2026
Македонија

ИНСПЕКТОР ПРИЈАВЕН ЗА ПОПРЕЧУВАЊЕ НА ПРАВДАТА Oвозможил осомничениот да манипулира

25/02/2026
Македонија

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ИНСПЕКТОР ОД КОЧАНИ: Му дозволил на осомничен

25/02/2026
Македонија

Пожар во куќа во скопска Ќерамидница, пронајдена почината сопственичката, телото

25/02/2026
Македонија

Тошковски: Безбедноста на нашите дечиња е наша заедничка обврска, затоа

25/02/2026
Македонија

Шилегов: Ова што се случува во судницата е лакардија, обвинителството

25/02/2026
Македонија

НЕ Е ВО РЕД МИНИСТЕРОТ ДА ПРОЗИВА ОБВИНИТЕЛИ И СУДИИ

25/02/2026
Македонија

Алиу: Заедничка цел на институциите е унапредување на правото на

25/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41921
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Измамен маж од Битола за 10.000 евра, му кажале дека внука му паднала на скали!

25/02/2026

На 24.02.2026 во 13:30 часот во СВР Битола, 83-годишник од Битола пријави дека бил измамен од едно лице за сума

ИНСПЕКТОР ПРИЈАВЕН ЗА ПОПРЕЧУВАЊЕ НА ПРАВДАТА Oвозможил осомничениот да манипулира со докази и да ги

25/02/2026

Во Кочани, полициски инспектор е обвинет за попречување на правдата, откако, како што се тврди, го оневозможил правилното прибирање на

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ИНСПЕКТОР ОД КОЧАНИ: Му дозволил на осомничен за измама да го скрие

25/02/2026

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy