Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дали стратешката инвестиција „Стипион“ ќе значи крај на купување скапа струја од трговци и снабдувачи?
Економија

Дали стратешката инвестиција „Стипион“ ќе значи крај на купување скапа струја од трговци и снабдувачи?

15/03/2024

AA

Државното електростопанство ЕСМ за прв пат ќе оствари добивка со цената од
56 евра по мегаватчас од фотоволтаичниот парк Стипион, тврди за „Фактор“
консултантот што го застапува стратешкиот инвеститор Акуо Енерџи кој во
околината на Штип ќе го гради соларниот парк Стипион.

Од таму велат дека ќе има толку многу производство на електрична енергија,
што државните електрани нема да имаат потреба да прават трошоци како досега и
да купуваат увозна струја за да го надополнат производството и за тоа да
плаќаат цени и до 100 евра од мегаватчас.

На прашањето на „Фактор“ како е дојдено до оваа цена, кога во моментов таа
што ЕСМ му ја испорачува на ЕВН е 57 евра, односно само едно евро повеќе, велат
дека позитивната страна е тоа што, ако се спореди со таа на аукциите во
регионот е многу пониска.

– ЕСМ за прв пат по подолго време ќе има профит, затоа што ако споредиме
со аукциите во регионот – во Косово почетна аукција беше 65 евра, а во Србија
достигна 89 евра, така што произлегува дека сите се добитници. Во моментов ЕСМ
има производна цена на струја од 120 евра по мегаватчас, а просечната заедно со
хидроцентралите е 89 евра по мегаватчас, вели застапникот на стратешкиот
инвеститор.

Од таму тврдат дека снабдувачите и трговците повеќе нема да се богатат на
грбот на ЕСМ и дека токму кај нив има интерес и натаму зависноста од увозна
електрична енергија да остане на ниво од 30 отсто.

Инвестицијата се очекува да биде околу 270 милони евра со капацитет за
произвоство од 360 до 400 мегавати, а договорот, кој сеуште не е озаконет,
треба да трае 30 години. Според договорот, по неговиот истек, постои можност
паркот да биде отстапен на државата.

– Иако фотопанелите имаат ограничен рок на траење, ние треба да ја
отстапиме фотоцентралата со 75 отстотен работен капацитет. Но, по 25 години,
односно на пет години пред истекот на договорот, двете страни ќе седнат да
разговараат дали државата ќе сака да ја задржи инвестицијата за себе, или ќе
продолжи сопственикот и понатаму да работи како оператор, тврди претставникот на инвеститорот.

Компанијата тврди дека комуналиите стандардно и законски ќе бидат платени
онолку колку што изнесуваат – 2,15 милиони евра и дека веќе е покажана
општествена одговорност со платени околу 3 милиони евра за чистење на
земјоделските канали на местата каде што ќе бидат инсталирани агроволтаиците.
Од таму велат дека инвеститорот свесно се откажал од најплодните 160 хектари
земјоделско земјиште од 1 и 2 класа.

– Ќе треба да изградиме 400 киловолтна трафостаница и далековод од 6
километри. Само ова ќе вреди од 30 до 35 милиони евра, што ќе треба да се
предаде на МЕПСО по изградбата. Капацитетот ќе биде 1.000 мегавати, а ние ќе
приклучиме само 400, што значи дека останатиот капацитет ќе биде утре слободен
за други производители, вели консултантот на „Акуо Енерџи“.

Тој појаснува дека договорено е со ЕСМ трошоците за балансирање да се
делат 50-50, додека за закупот на земјиштето кое е целосно државно ќе се плаќа
според ценовникот во владината уредба. Бидејќи една од дејностите на
францускиот инвеститор е и производството на храна, ќе биде направен обид на
површината со агроволтаици да се обработува земјиштето.

– Доставен е договор до штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ и се чека
потпис, а ќе се обидеме и со локалните земјоделци да склучиме одреден вид на
партнерство. Но за ваквиот концепт ќе треба и законски измени, бидејќи
земјиштето ќе стане градежно и ќе се изгубат субвенциите, посочува
соговорникот.

Законите за четирите стратешки инвестиции се вратени во собраниска
процедура која се враќа од почеток. Инаку законите се најдоа во Собранието во
јануари. По огласот за стратешки инвеститори, кој траеше неколку години,
владата одлучи таков статус да им додели на четири странски компании.  Покрај француската „Остро солар“, тука се уште грчката
„Митилинеос“, бугарската „ХЕК Солар“ и белгиската „АИМ Греен Тецх“.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи пред неколку дена рече дека во моментов, просечната цена на мегават струја купен на берза чини околу 72 евра, додека производствена на ЕСМ, ако е од сопствен  јаглен е 110 евра, а со грчки, увозен – 142 евра за мегават. 

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy