
Дали Србија продала оружје на Украина?
Српските власти тврдат дека не продале оружје ниту на Украина, ниту на Русија. Ова го кажа шефот на дипломатијата, Ивица Дачиќ.
„Србија, а јас можам да го тврдам тоа, бидејќи моето министерство дава дозвола за извоз, нема извезено воена опрема во ниту една земја за која сметаме дека би била проблематична или спорна на кој било начин“, рече Дачиќ.
Вчера портпаролката на руското МНР, Марија Захарова побара од Белград официјален одговор на информациите дека е испорачано српско оружје во Украина, што српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ веднаш ги негираше. Споменати беа 3.500 ракети, кои од Србија, преку Турција и Словачка стигнале во Украина.