Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДАЛИ ШЕНГЕН БЕШЕ САМО ПУСТ ИДЕАЛ? И Холандија воведува гранични контроли
Економија

ДАЛИ ШЕНГЕН БЕШЕ САМО ПУСТ ИДЕАЛ? И Холандија воведува гранични контроли

15/11/2024

AA

Холандија од 9 декември воведува контрола на копнените граници.

На тој начин и се придружи на Германија во ограничувањето на илегалната миграција, а контролите треба да траат шест месеци.

„Време е да се справиме со нерегуларната миграција и криумчарењето мигранти на конкретен начин. Затоа од почетокот на декември ќе почнеме повторно да воведуваме гранични контроли во Холандија“, изјави министерот за азил и миграција Маржолеин Фабер.

На земјите-членки на ЕУ им е дозволено привремено повторно да воведат контрола на внатрешните граници во случај на сериозна закана.

Уништениот сон за Шенген

Да потсетиме, Германија во септември повторно воведе контроли на граничните премини, што предизвика протести на многу земји-членки на ЕУ бидејќи ја нарушува слободата на движење во Шенген.

Иако беше забележано дека мерките ќе траат шест месеци, Германија веќе имаше навика да ги продолжи.

Граничните контроли со Австрија се во сила од 2015 година, кога бранот мигранти од Блискиот Исток почна да се упатува кон Европа.

Шенгенскиот договор дозволува привремено воведување гранични контроли во вонредни ситуации, а во изминатата година Германија го искористи европското фудбалско првенство, како и Олимпијадата и Параолимпијадата во Париз за да ги засили контролите на патниците.

Протестираа многу земји, пред се Грција.

„Германија имаше многу толерантна и, би рекол, дарежлива политика кон мигрантите, што сега предизвикува голема општествена реакција. Одговорот не може да биде еднострано откажување на Шенген и префрлање на топката на земјите лоцирани на надворешните граници на Европа. рече грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Според него, наместо тоа, треба да се имплементира Пактот на ЕУ за миграција и азил, обновен миграциски систем кој ја препознава важноста од чување на надворешните граници на Европа.

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека пристапот на Германија е неприфатлив.

„На Полска не и требаат посилни контроли на нашата граница, туку поголемо вклучување на земји, како што е Германија, во заштитата и безбедноста на надворешните граници на Европа“, додаде тој.

Инаку, германските контроли се однесуваат на границите со Франција, Данска, Белгија, Холандија и Луксембург.

Мерките беа воведени по серијата смртоносни напади со нож во Германија од страна на баратели на азил.

Еуправозато

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy