
ДАЛИ СЕ РАБОТИ ЗА ПОДМЕТНАТ ПОЖАР: Од куќата на масовниот убиец Урош Б. останаа само ѕидови
Изгоре куќата на масовниот убиец од Младеновац, Урош Б, кој во мај годинава изврши масакр. Од куќата останаа само ѕидовите откако избувнал пожар на покривот. Се утврдува дали пожарот можеби го подметнале роднини на убиените.
Тој уби девет луѓе, а рани 14. Во мај имаше два масакри во Србија. Првиот масакр на 3 мај го изврши Коста Кецмановиќ кој уби соученици и чувар во своето училиште.