Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дали се прави обид да се дисквалификува ЕДС со непочитување на Законот за јавни набавки?
Македонија

Дали се прави обид да се дисквалификува ЕДС со непочитување на Законот за јавни набавки?

04/01/2024

AA

На само неколку дена пред истек на рокот за доставување документи за Универзален снабдувач на електрична енергија, се повеќе се зголемуваат сомневањата за нечесни игри во врска со тендерот, пишува А1он.

Јавноста се повеќе станува свесна дека Владата фаворизира која компанија ќе го добие атрактивниот тендер за Универзален снабдувач, уште пред да биде завршен јавниот повик кој трае до 12 -ти јануари, и да се дисквалификува еден од најсериозните учесници на повикот, а тоа е ЕДС, со непочитување на Законот за јавни набавки.

А1он јавува дека токму од оваа причина, компанијата поднела и жалба до Комисијата за жалби по јавни набавки поради можноста повикот да биде незаконски ограничувачки, односно да го наруши принципот на слободна пазарна конкуренција, особено во делот на активата на компаниите.

Mеѓу условите во повикот стои дека фирмата треба да има работен капитал од 40 милиони евра. За да учествуваат, согласно законите, од ЕДС можат финансиски да бидат поткрепени од мајката компанија, а тоа е грчката ППЦ, гигант во енергетскиот сектор во Југоисточна Европа.

„Целосен сопственик на ЕДС е ППЦ, фирма која има годишен приход од 12 милијарди евра и актива со која повеќе од 10 пати се задоволени условите на повикот. Согласно членот 7 од Законот за енергетика, а во врска со членот 96 од Законот за јавни набавки, во вакви повици дозволено е финансиската состојба на локалната компанија да биде поткрепена од мајката компанија, со што би се исполниле сите услови во повикот. Оттаму, нашиот интерес единствено се однесува за правилна примена на материјалното право при спроведувањето на повикот, се вели во дописот на ЕДС.

Сите правила на пазарната економија велат дека конкуренцијата во било која област конечно носи поволности за крајните потрошувачи, па така, исклучивоста или ограничувањето на конкуренцијата во овој повик, или погрешната примена на законските прописи, само би ја ограничило здравата конкуренција, спротивно на стандардите на ЕУ, а со тоа би спречила намалување на цената на електричната енергија за крајните корисници, велат од ЕДС.

Најавата од компанијата за многу пониска и поконкурентна маржа при учеството на јавниот повик за Универзален снабдувач на електична енергија за следните пет години ги вжешти страстите, но и го зголеми стравот на останатите компании во однос привлечниот тендер, на кој покрај постоечиот ЕВН Хоум, учество најавија и останати компании.

Дали во изборот на Универзален снабдувач ќе надвладеат сплетките и интригите од конкурентите или ќе надвладеат разумот и почитувањето на законските одредби од страна на Владата ќе се знае по завршувањето на тендерот.

Извор: А1он.мк

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy