
Дали полиграф на граница би спречил корупција на цариници и гранични полицајци?!
Дали полиграфот на цариниците и граничните полицајци ќе го реши проблемот со корупцијата на граничните премини?
Ова беше темата на дебата за предлогот на Владата да има полиграфско тестирање со што би се испитувал интегритетот на лицата кои работат на границите.
Според националниот координатор за гранично управување Владимир Пивоваров целта е да се сузбие корупцијата.
„Ако лицата кои работат на граничната линија се корумпирани, немој да очекуваме дека ваквите проекти, а кои се буквално кажани и домашна задача од ЕУ, значи дека ќе бидат спроведени. Немој да очекуваме дека криминалната гранка која им носи прекрасен црн приход дека самите ќе ја исечат. Затоа, ова е единствениот начин како можеме тој проблем да го решиме и да очекуваме конкретни резултати“, вели Пивоваров.
