Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дали платината станува новото злато?
Економија

Дали платината станува новото злато?

15/06/2025

AA

Високите цени на златото ги принудуваат многумина да се одлучат за поевтини алтернативи како што е платината, која е за 46 проценти поскапа од почетокот на оваа година.

Платината во моментов е „занемарена ѕвезда“ на пазарот на скапоцени метали.

Нејзината цена на светскиот пазар достигна износ од 1.272 долари за унца кон средината на оваа недела, што е највисок износ од февруари 2021 година.

Малку подоцна, тој износ беше намален, што е сепак повеќе од една третина од цената на златото за унца. Имено, златото вчера се тргуваше за 3.430 долари, што е помалку од рекордните 3.500 долари за унца во април.

Побарувачката за платина особено се зголеми во Кина, која увезе 11,5 тони платина во април, што е најмногу во последната година.

Светскиот совет за инвестиции во платина (WPIC) очекува глобалната побарувачка за накит од овој скапоцен метал годинава да се зголеми за пет проценти.

Сепак, експертите од Банката на Америка предупредија дека зголемувањето на глобалната побарувачка за само еден процент би можело да го удвои дефицитот на овој скапоцен метал.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Без концесија копале на државно и приватно земјиште, па ја

20/08/2026
Македонија

Владата најави „училишна кошничка“: Во вторник одлука за пониски цени

20/08/2026
Македонија

Поранешни градоначалници, директори и советници меѓу 94-те казнети од ДКСК

20/08/2026
Македонија

Ислам Абази нема да бара втор мандат на чело на

20/08/2026
Македонија

Ангелов со апел до сопствениците на викендички: Исчистете ја околината

20/08/2026
Македонија

„Сејф Сити“ стартуваше и за странци – чекањето за наплата

20/08/2026
Македонија

Синдикалната кошница во август достигна 68.675 денари, за еден месец

20/08/2026
Македонија

Лажен лекар измамил жена од Пробиштип за 2.500 евра

20/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45144
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Без концесија копале на државно и приватно земјиште, па ја загадиле водата во Струга –

20/08/2026

Нелегалната експлоатација на минерални суровини во близина на изворите за вода во струшкото село Шум довела до сериозно нарушување на

Владата најави „училишна кошничка“: Во вторник одлука за пониски цени

20/08/2026

Родителите и годинава ќе добијат олеснување при набавката на училишниот прибор пред почетокот на новата учебна година. Владата најави дека

Поранешни градоначалници, директори и советници меѓу 94-те казнети од ДКСК

20/08/2026

Непочитувањето на законската обврска за навремено пријавување на имотот и интересите ги чини десетици избрани и именувани лица по 300

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy