Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дали Орбан ќе попушти и ќе го одобри влезот на Шведска во НАТО? „Бев притиснат на ѕидот“
Македонија

Дали Орбан ќе попушти и ќе го одобри влезот на Шведска во НАТО? „Бев притиснат на ѕидот“

02/02/2024

AA

Унгарија е под зголемен притисок да го ратификува и шведското барање за членство во НАТО, откако Будимпешта конечно им се приклучи на останатите земји-членки на ЕУ во врска со новата помош за Украина.

Премиерот Виктор Орбан во петокот рече дека направил се што можел за својата земја пред да се согласи за договор за пакетот помош од 50 милијарди евра за Украина на вонредниот самит во Брисел.

„Ме притиснаа на ѕидот“, изјави Орбан.

Тој рече дека, во случај да го блокира испраќањето финансиска помош за Киев, 26-те земји-членки сепак ќе се договорат за испраќање на 50-те милијарди.

„Ќе ги земат парите наменети за Унгарија и ќе ги испратат во Украина, зошто тоа би било добро“, рече Орбан.

На последниот самит во средината на декември 26 земји-членки постигнаа договор за помош на Украина, а против тоа беше само Унгарија. Тоа е, исто така, единствената членка на НАТО која сè уште го нема ратификувано барањето на Шведска за приклучување кон западната воена алијанса.

Под зголемен притисок

Орбан вели дека неговата влада го поддржува влезот на Шведска во НАТО, но е под зголемен притисок да го забрза процесот.

Претставниците на унгарската опозиција повикаа во понеделник да се одржи вонредна седница на парламентот, на чиј дневен ред ќе биде и прашањето за членството на Шведска во НАТО алијансата. Но, пратениците од владејачката партија на Орбан, Фидес, во четвртокот рекоа дека сакаат да почекаат да се одржи средбата меѓу Орбан и шведскиот премиер Улф Кристерсон.

Притисокот врз Орбан се засили откако високи американски пратеници рекоа дека сакаат Унгарија веднаш да го одобри приемот на Шведска во НАТО, предупредувајќи во четвртокот, една недела откако Турција го одобри нејзиниот влез, дека Будимпешта ризикува трајно да ги оштети нејзините односи со Вашингтон доколку не реагира.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДУИ ЗА ВРАЌАЊЕТО НА ГРУБИ: Позитивна одлука за да се

23/02/2026
Македонија

ЛАГА Е ДЕКА ЌЕ НЕМА ВОНРЕДНО СТУДИРАЊЕ Законот за високо

23/02/2026
Македонија

ЈАНЕВСКА ВО МАНУ: Критериумите за професорите мора да се кренат,

23/02/2026
Македонија

📽️ ТЕЛМА ОБЈАВИ СНИМКИ ОД ОСОМНИЧЕНИОТ СЕРИСКИ УБИЕЦ ОД СТАРО

23/02/2026
Македонија

📽️ ГИ ЧУВАЛ ДРОГАТА И ВАГАТА ВО ПОДРУМ ОД ЗГРАДА

23/02/2026
Македонија

ПАДНА ДИЛЕР ВО БИТОЛА: 29-годишник криел марихуана во визба, заработи

23/02/2026
Македонија

НОГАТА СЀ УШТЕ „ЛЕПИ“ НА ПЕДАЛОТ ЗА ГАС За една

23/02/2026
Македонија

ИЗМАМА ВО ТЕТОВО: Платила 3.000 евра за работна виза за

23/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41815
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy