Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДАЛИ МИЛАТОВИЌ Е АГЕНТ НА „СРПСКИОТ СВЕТ“? Новиот претседател на Црна Гора беше прославен со српски знамиња
Регион

ДАЛИ МИЛАТОВИЌ Е АГЕНТ НА „СРПСКИОТ СВЕТ“? Новиот претседател на Црна Гора беше прославен со српски знамиња

03/04/2023

AA

Пред само три
години Јаков Милатовиќ беше сосема непознато име во црногорската јавност. Тој,
пак, синоќа прослави убедлива победа на претседателските избори над
долгогодишниот црногорски лидер Мило Ѓукановиќ, кој по три децении конечно се
повлекува од власта.

Милатовиќ беше
претседателски кандидат на Движењето Европа сега, но неговата победа беше прославена
во Подгорица со веење српски знамиња, кревање три прста во воздух и пеење песни
за Косово. Тоа е и најдобрата илустрација на политичкиот профил на Милатовиќ,
кој има свое лице и грб.

Просрпски
кандидат

Иако се истакна
како министер со економски популизам, синоќешната прослава во Подгорица
покажува дека од неговите приврзаници е препознаен како просрпски кандидат за
претседател на Црна Гора.

Неколку стотици
граѓани синоќа се собраа пред храмот „Воскресение Христово“ во Подгорица каде
ја прославија победата на Јаков Милатовиќ на претседателските избори во Црна
Гора.

Насобраните ги
носеа државните знамиња на Србија, триколорите, а фоторепортерот на весникот Побједа
забележа само едно црногорско знаме и неколку знамиња на Демократска Црна Гора.
Тие пееја „Косово е Србија“, „Црна Гора и Србија, тоа е едно семејство“ и
српски националистички песни.

Пееја и ода на
воениот злосторник и четнички водач во Втората светска војна Дража Михаиловиќ –
„Вујко Дражо, кај ми е детето, српски бајонети го штитат“. Тие пееја Весели се
српски јава и други националистички песни.

Дали Милатовиќ е
агент на „српскиот свет“?

Останува да
видиме дали Милатовиќ може да постигне се што вети. Неговите критичари го сметаат
за агент на „српскиот свет“, смешен концепт што некогаш го лансираше
озлогласениот Александар Вулин, водечката шетачка карикатура на српската
политичка сцена.

Исто така, можно
е Милатовиќ да е преценет и претседателскиот кабинет да го демистифицира. Во
секој случај, Црна Гора ќе треба да избере дали навистина сака да влезе во ЕУ
или да биде вазал на Србија на Балканот. До крајот на петгодишниот мандат на
Милатовиќ сигурно ќе знаеме по кој пат тргна соседната држава.

Импресивна биографија

Роден на 7
декември 1986 година во Подгорица, дипломирал на Економскиот факултет во
Подгорица како студент на генерацијата, магистрирал на Оксфорд и бил стипендист
на американската, австриската и британската влада. Како стипендист на
американската влада, тој помина една академска година на Државниот универзитет
во Илиноис.

Потоа студирал
еден семестар на Универзитетот за економија и бизнис во Виена (WU Wien), овој
пат како стипендист на австриската влада. Европската комисија му овозможи да
помине една студиска година на Универзитетот во Рим (Ла Сапиенца). Како
стипендист на британската влада, магистрирал економија на Оксфорд.

Меѓу другото,
работел во Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), прво како економски
аналитичар за регионот на Југоисточна Европа, а потоа и како главен економист
кој ги покрива земјите од Западен Балкан и Европската Унија.

EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy