Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДАЛИ МАКЕДОНИЈА Е ПРЕД ДРЖАВЕН БАНКРОТ? – Кузеска од СДСМ вели дека сме пред најсериозната економска криза, еве ги деталите
Економија

ДАЛИ МАКЕДОНИЈА Е ПРЕД ДРЖАВЕН БАНКРОТ? – Кузеска од СДСМ вели дека сме пред најсериозната економска криза, еве ги деталите

04/06/2025

AA

Доцни повратот на ДДВ за фирмите, не се исплаќаат субвенциите, нема реализација на капиталните проекти се дел од проблемите кои ги посочуваат од опозициската СДСМ од каде велат дека наспроти говорот на премиерот, нашата економија е во криза. 

– Додека Мицкоски зборува за некаква силна економија, Македонија се наоѓа пред историски најсериозната економска и финансиска криза каква што не се памети во земјава од нејзиното осамостојување.

Согласно сите индикатори кои се однесуваат на стабилноста на економијата и финансискиот сектор укажуваат на тоа дека Владата се наоѓа во сериозен кризен менаџмент, особено во Министерството за финансии.

Тоа што како печурки никнуваат разноразни аналитичари кои зборуваат за некаков „економски раст“ е само потврда дека јавноста се подготвува за сериозна криза.

Реалноста сепак е дијаметрално спротивна. Фактите говорат дека буџетот е пред целосен крах – напомена Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. 

Кузеска укажа дека повратот на ДДВ за фирмите не се враќа, поради што голем број компании, „од најголемите извозници до малите бизниси, немаат поврат и ги трпат последиците. Немаат ликвидност, немаат пари за плати, се задолжуваат. Ова е прв јасен индикатор дека во државната каса нема пари“.

Потоа посочи дека исто така и земјоделците чекаат за субвенции што одамна требаше да ги добијат.

– Најавите за „рекордна поддршка“ се целосна лага, реалноста е дека нема пари на сметките на земјоделците. Пари за субвенции се должат на сточарите, производителите на раноградинарски производи, а проблеми имаат и оризопроизводителите. Без овие пари не само што нема „рекордна поддршка“ на земјоделците, туку има рекордно осиромашување и девалвирање на земјоделското производство со што Македонија се повеќе станува увозно зависна дури и за храна.

Доцнат плати во институциите. Вработените  во образование, култура, дури и во дел од јавната администрација за прв пат  во 35 години од осамостојување на државата не се сигурни дали на први ќе ја добиајт нивната плата. Последен ваков случај е со доцнењето на платата во Министерството за внатрешни работи – дополни Кузеска. 

Потоа истакна дека ваквите случаи не се исклучоци туку редовни месечни проблеми во различни сектори.

– Владата ветуваше „нов економски циклус“, а денес – на половина година – има реализација под 20 проценти на капиталните инвестиции што е најсериозен индикатор дека економијата не само што нема „историски раст“ туку е во сериозна стагнација. Тоа значи дека ништо не се гради, ништо не се движи економски. Ниту проекти, ниту вработувања, ниту локален развој. Единствен сериозен капитален проект во овој момент е Коридорот 8 и 10 започнат во времето на Владата на СДСМ.

Да биде ситуацијата уште потрагична, една милијарда евра од Унгарскиот кредит кој треба да го враќаме сите во наредните две децении е потрошен на сервисирање на редовни обврски на државата, а не за економски и капитални проекти како што беше најавувано.

Она што е уште поопасно е што ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја прикрие оваа катастрофа. Зборуваат за тоа дека „Македонија е економски тигар“, а проекциите за економијата покажуваат нешто сосема друго: економски раст од најмногу 2,8 отсто во услови кога инфлацијата е над 3 проценти. Тоа не е раст, тоа е негативен раст. Македонија не оди напред, туку тапка во место или уште полошо – се враќа назад.

Значи растот којшто сака власта да го престави е резултат на инфлаторно зголемена потрошувачка, а не на продуктивност, инвестиции или извоз – нагласи Кузеска. 

Потоа портпаролката на СДСМ додаде дека „кога цените растат, се зголемува номиналната вредност на БДП, а тоа значи дека граѓаните плаќаат повеќе за иста количина производи и услуги. Ама имаат помалку“.

– Владата мери лажни проценти а граѓаните мерат сиромаштија во денари, гледајќи како цените растат побрзо од платите а нивните паричници се празни.

ДПМНЕ, ВЛЕН и привезокот ЗНАМ мора да одговорат и да не се крие, дали е точно дека најголем дел се потрошени за тековни раходи затоа што нема пари во буџетот?

Банкарскиот сектор е информиран да внимава со проектите, да не одобрува брзо, бидејќи државата не им префрла средства. Зошто? Повторно – затоа што нема пари.

Ова е економски колапс. Крах кој веќе се случува. Владата нема одговори, затоа што одговорот е еден – буџетот е празен.

Дали Македонија е пред државен банкрот?

Дали не очекува грчко сценарио? – праша на крајот Кузеска. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВИДЕО Благодатниот оган се појави во Светиот гроб во Ерусалим

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ЛОВЕШЕ БЕЗОБЅИРНИ ВОЗАЧИ Приведени двајца пијани и десетмина без

11/04/2026
Македонија

Три лица приведени за семејно насилство во последното деноноќие

11/04/2026
Македонија

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ПАЃААТ Дизелот ќе се намали за 2,5

11/04/2026
Македонија

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило – 10 возеле

11/04/2026
Македонија

Мицкоски најави поевтинување на горивата пред Велигден: Бензинот под 1,5,

11/04/2026
Македонија

Управувал возило со 3,18 промили алкохол во крвта – полицијата

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42381
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВИДЕО Благодатниот оган се појави во Светиот гроб во Ерусалим

11/04/2026

Во сите православни храмови денес владее празнична атмосфера, додека верниците го прославуваат Велигден – најголемиот и најрадосниот христијански празник, кој

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од 180 дена, Бугарија мора да

11/04/2026

Официјална Бугарија се соочува со притисок откако Комитетот за човекови права на Обединетите нации побара да му исплати оштета на

ПОЛИЦИЈАТА ЛОВЕШЕ БЕЗОБЅИРНИ ВОЗАЧИ Приведени двајца пијани и десетмина без дозвола

11/04/2026

Дванаесет возачи се приведени во изминатото деноноќие поради безобѕирно управување возило, при што најголемиот дел од нив биле зад волан

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy