
Дали Курти ќе прифати Заедница на српски општини?
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека може да го прошири нацртот на својата визија за формирање на Заедница на општини со српско мнозинство. Сепак, прво мора да се согласат сите партии за тоа.
Курти не ја споменува Унијата на општините со српско мнозинство, туку обезбедувањето одредено ниво на самоуправување на Србите во Косово, како што е предвидено во Договорот за нормализација на односите врз основа на предлогот на ЕУ.
Неколку меѓународни дипломати, како и претставникот на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак, потврдија дека „самоуправувањето“ се однесува на Заедницата.
Во нацртот на визијата на Курти за формирање на Заедницата, меѓу другото пишува дека „припадниците на српската заедница на Косово имаат можност преку самоуправување да ги промовираат и штитат сопствените интереси“.
Оваа визија предвидува соработка со косовските институции како и „целосно прифаќање на уставните карактеристики“ на Косово со почитување на независноста и територијалниот интегритет.
Косовскиот премиер изјави дека не го прифаќа статутот што го изготви Менаџерскиот тим, составен од четворица српски членови, бидејќи тој е „имитација на Република Српска во Босна и Херцеговина“.
САД и ЕУ бараат Косово да им попушти на Србите или ќе има последици.