
Дали имало недостаток на кислород во болницата во Кочани? Одговара државниот јавен обвинител
Родителите на загинатите деца во Пулс, укажале на јавното обвинителство дека треба да се истражи дали причината за смртта на нивните деца е директна од задушување со јаглероден моноксид или пак поради несоодветен третман во болниците.
Ова синоќа во телевизиско интервју го откри државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.
„Родителите ни посочија на одредени околности да се испитаат. Дали причината за смртта е директно задушување со труење со јаглероден моноксид или бидејќи родителите имаа забелешки на тоа што недостасувало во болницата во Кочани, но вештите лица и на ова ќе се произнесат“, изјави синоќа Коцевски.
Ќе се проверува дали можело да се спаси некој човечки живот.
„Истрагата е полу тајна, само најголем број имаме од загушување, но имаме и смртни последици од насилен притисок. Стампедо“, додаде Коцевски.
Инаку денеска завршува истрагата за трагедијата во Кочани.
„Во следните 15 дена одбраната има право на увид во предметот и има право да доставува докази кои Јавното обвнителство ќе ги цени и после тоа ќе се донесе јавно обвинителска истрага“, изјави Љупчо Коцевски.
На истрагата која започна на 16-ти март работат 13 јавни обвинители.