Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДАЛИ ГРЦИТЕ ЌЕ MOЖЕ ДА РАБОТАТ ШЕСТ ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА: Денеска протести против новиот закон за работни односи
Регион

ДАЛИ ГРЦИТЕ ЌЕ MOЖЕ ДА РАБОТАТ ШЕСТ ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА: Денеска протести против новиот закон за работни односи

21/09/2023

AA

Работниците во грчкиот јавен сектор, меѓу кои наставници,
лекари и возачи, денеска стапија во еднодневен штрајк поради најавените измени
на Законот за работни односи, планирани од владата на премиерот Киријакос
Мицотакис.

Возовите и автобусите сообраќаат со намалено работно време,
бројот на персоналот во државните болници е значително намален, а многу
училишта се затворени, пренесува Ројтерс.

Штрајкот го свика синдикатот АДЕДИ, кој претставува околу
500.000 работници во јавниот сектор.

Се очекува работниците да се соберат во центарот на Атина и
да продолжат кон парламентот додека се расправа и гласа за измените на законот
за работни односи.

Предлог-законот ќе им овозможи на вработените со полно
работно време да имаат втора работа со скратено работно време, а тие ќе можат
да работат најмногу 13 часа на ден.

Според овој закон, работодавачите можеа да воведат
шестдневна работна недела, доколку сметаат дека е потребно, а вработените да
бидат отпуштени во првата година на работа без предупредување или надомест.

Со предлог-законот се воведуваат парични казни и затворска
казна од шест месеци за оние кои ќе ги вознемируваат вработените на работа за
време на штрајк. Левичарската Сириза смета дека владата „тајно работи“ против
вработените, а Комунистичката партија на Грција (ККЕ) го нарече предлог-законот
„монструозен“.

ФОТО: Unsplash/Walter Martin

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy