Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДАЛИ ГЕРМАНИЈА Е САМО МАМКА ЗА СТРАНСКИТЕ РАБОТНИЦИ: Земјата добива нова „пониска класа“?
Економија

ДАЛИ ГЕРМАНИЈА Е САМО МАМКА ЗА СТРАНСКИТЕ РАБОТНИЦИ: Земјата добива нова „пониска класа“?

08/06/2023

AA

Иако за многумина е „сон“ да заминат на работа
во Германија, во тоа најчесто се спречени со тоа што немаат ЕУ пасош, виза,
работна дозвола – воопшто, бирократија и документација.

Сепак, се чини дека и за оние кои одат во
Германија, тој „сон“ не е секогаш онака како што го очекувале и замислувале. Генерално,
поедноставениот влез на странски работници во Германија, кои се
нискоквалификувани и слабо платени, може да создаде „нова послаба класа“ во
земјата, велат експертите од најголемата европска економија.

„Работата во секторот со ниски плати често е
замка наместо отскочна даска за странските работници“, наведуваат авторите на
студијата објавена вчера од Советот на експерти за интеграција и миграција
(СВР).

Сè на сè, анализата со која се занимава
Советот се заснова на планот на германската влада да им обезбеди на странските
работници осум месеци работа годишно, без оглед на нивните квалификации.

Јасно е дека оваа велесила со месеци, па и со
години се соочува со сериозна криза на работна сила: тоа е дефицит од неколку
десетици илјади експерти од различни области, но пред се од оние со помали
плати. Министерот за труд Хубертус Хајл и шефицата на дипломатијата Аналена
Бербок деновиве престојуваат во Јужна Америка каде, меѓу другото, се залагаат
за доаѓање негувателки и квалификувани работници во Германија.

Раководителот на проектот СВР, политикологот
Холгер Колб изјави дека одредени сектори во Германија како градежништвото,
земјоделството, прехранбената индустрија и домашната нега не можат да опстанат
без странци. Но, работат за мизерни плати и под најтешки услови, без можност за
напредување, стои во студијата на СВР.

Затоа, Колб препорачува странските работници
да добијат целосни информации за правата и механизмите за заштита.
Дополнително, тој вели дека треба да се дозволат групни тужби.

ФОТО: Unsplash/Claudio Schwarz

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy