
Дали ќе се врати евтината дневна тарифа на струјата?
Речиси е извесно враќањето на дневната евтина тарифа на струјата.
Од 1 јули македонските граѓани повторно би можеле да користат евтина струја и во текот на денот, во периодот од 14 до 16 часот.
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) прави анализи дали е возможно да се врати евтината тарифа во текот на денот. Зголеменото производство на електрична енергија во 2023 година навестува враќање на евтината тарифа на струја. Дополнителен мотив за враќање на дневната евтина тарифа веќе од јули, кога ќе се прават пресметките, е и дека има голем број изградени фотоволтаични централи. Зимата за 14 отсто е намалена потрошувачката, затоа што немаше екстремно ниски температури. Сега има евтина тарифа, но во текот на вечерните и ноќните часови.
foto freepik.com/evening_tao