
Дали ќе се намали инфлацијата во Германија?
Економскиот институт Ифо очекува намалување на инфлацискиот притисок.
Инлфацијата во Германија ќе се намалува, но тоа нема да биде секаде со исто темпо. Најголем пресврт очекуваат трговците со велосипеди и опрема за велосипеди. Во тој сектор, индексот се намали за скоро 50 поени, на минус 21,8.
Значително намалување на притисокот врз цените очекуваат и производителите на хартија, хемиската индустрија, производителите на гуми и производи од пластика, стакло, керамика и текстил. Малку ќе забави и растот на цените на храната во малопродажбата. Турција имаше рекордно висока инфлација неодамна, а во светски рамки Аргентина урива рекорди со инфлација над 100 отсто.
foto freepik.com/bedneyimages
