Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДАЛИ Е ОВА СПАСОТ ЗА СИТЕ ВОЗАЧИ: Голем производител најавува гуми отпорни на дупнување
Економија

ДАЛИ Е ОВА СПАСОТ ЗА СИТЕ ВОЗАЧИ: Голем производител најавува гуми отпорни на дупнување

18/05/2023

AA

Реализацијата на гуми без воздух досега беше прилично неуспешна, но шефовите на Мишелин тврдат дека ги тестирале нивните гуми без воздух, наречени „Uptis“, со брзина до 210 километри на час. Тие со години развиваат и тестираат гуми без воздух, а сега француската компанија објави кога овие гуми би можеле да бидат во сериско производство.

„Не посетија полицајци од некои европски земји и рекоа дека ги сакаат тие гуми на нивните автомобили кога ги бркаат лошите момци“, изјави неодамна потпретседателот на Мишелин, Бруно де Ферауди. Предноста на гумите без воздух за полицијата е што е невозможно да се дупнат при пукање.

Гумите Uptis се појавија на Chevrolet Bolt 2019 и 30 Toyota HiAce DHL возила за испорака во Сингапур оваа година за да ја тестираат нивната употребливост при релативно мали брзини. Сега знаеме дека гумите можат да се користат со многу поголеми брзини, иако кој и да е зад воланот мора да биде многу храбар. Мишелин не потврди на кое возило биле тестирани гумите, но рече дека станува збор за „нормални полициски возила“.

Планот е овие гуми да бидат лансирани во текот на 2024 година, но Мишелин се уште не сака да го потврди точниот датум. Сепак, како што пренесува N1, француската компанија тврди дека гуми без воздух ќе бидат опција и нема да ги заменат нормалните гуми во нивната понуда.

„Засега тоа не е нешто што ќе се развива на пошироко ниво. Сè уште работиме на нови решенија бидејќи многу учиме со Аптис“, изјави Де Ферауди.

„Uptis ќе биде многу корисен за автономните возила бидејќи кај самоуправувачките автомобили луѓето нема да бидат воодушевени кога системот ќе им каже дека дупната гума“. Сепак, нашиот план не е гумите без воздух да ги заменат сите пневматици, бидејќи тие првенствено ќе бидат наменети за одредени видови возила каде што пукањето на гумата би било голем проблем“, изјави извршниот директор на Мишелин, Флоран Менего.

Тој откри дека компанијата била во преговори со Tesla за тестирање на гумите Uptis.

„Сега водиме различни разговори со Џенерал Моторс, Тесла и други производители на возила“, додаде тој.

Мишелин исто така се пофали дека овие гуми поминале повеќе од три милиони тест километри. Гумите без воздух дефинитивно може да имаат светла иднина, доколку има доволно храбри да ги тестираат при уште поголеми брзини.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy