Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дали е ова скопскиот Ворен Бафет? Од дивиденди на вложувања во акции заработи 233.000 евра!!!
Економија

Дали е ова скопскиот Ворен Бафет? Од дивиденди на вложувања во акции заработи 233.000 евра!!!

24/06/2024

AA

Од дивиденди и од тргување со акции „Раде Кончар Апаратна техника“ лани остварил приход од 570.000 евра што е повеќе од 70% од целиот приход на друштвото лани. Затоа и на скопската фирма, која уште од минатиот систем го носи името на еден од најголемите далматински комунисти кој верувал во пораз на капитализмот и загинал во партизанската војна против фашистите, и прилега епитет дека е македонски синоним за инвестициската фирма на Ворен Бафет

Скопската компанија „Раде Кончар апаратна техника“ е одличен инвеститор во акции. Има портфолио акции од кои одлично заработи. Нема да е претенциозно ако ги именуваме „скопскиот Ворен Бафет“.  Тоа го потврдува нивниот годишен извештај за работењето во 2023 година.

Верувале или не, од нивните акции во седум акционерски друштва и од удели во две фирми ќерки инкасирале вкупна дивиденда во износ од 233.000 евра.

Одличен деловен потфат во 2023 година на директорите на „Раде Кончар апаратна техника“. Затоа што вишок средствата на компанијата ги пренасочиле во вложувања во акции. И тоа во , веројатно, едни од најквалитетните хартии од вредност.

Да почнеме со ред. Според податоците што се јавно достапни на СЕИ НЕТ информацискиот систем на Македонската берза за хартии од вредност оваа скопска компанија поседува акции во 3 банки, една пиварска компанија, еден телекомуникациски оператор, фармацевтски гигант и во најголемата македонска хотелиерска компанија. Исто така „Раде Кончар апаратна техника“ има удели и во две свои фирми ќерки: ДОО Р.К. Контактори и релеи и во ДОО Р.К. Заеднички работи.

Најголема дивиденда „Раде Кончар Апаратна техника“ добил од својата фирма ќерка „Р.К. Контактори и релеи“. Ова друштво за изработка на електротехнички елементи на фирмата – мајка и исплатило дивиденда од 88.000 евра од добивката на своето работење во 2023 година. Од другата своја компанија Р.К Заеднички работи фирмата мајка за лани наплатила дивиденда од 41.200 евра.

Од акциите во пртфељот што го поседува најмногу пари од дивиденди „Раде Кончар – апаратна техника“ добил од УНИ Банка. Очигледно дека таму има најголемо вложување во акции. За лани добил 48.311 евра дивиденда. Вториот најголем принос го има исто така од банка. Од неговите акции во „Комерцијална банка“ „Раде Кончар апаратна техника“ заработил дивиденда од 32.520 евра.

Од акциите во македонскиот фармацевтски гигант дивидендата за „Раде Кончар АТ“ изнесува 10.360 евра. Од „Македонски телеком“ му се исплатени 6.767 евра, а од ТТК Банка добиле 2.200 евра дивиденда. Од акциите во „Македонијатурист“ стигнале 2.387 евра принос, а од Прилепска пиварница уште 898 евра.

Во извештајот е наведено дека оваа компанија освен приходи од дивиденди остварила и приходи од тргување со акции. За 2023 година тие приходи изнесуваат 336.580 евра и се најголема ставка во структурата на приходи на ова друштво.

Од вкупните приходи кои изнесуваат неполни 800.000 евра, а во нив приходите што ги остварува од тргување со акции и од дивиденда учествуваат со над 70% !

Еве затоа и може да се каже дека „Раде Кончар Апаратна техника“ е македонски синоним за инвестициската компанија на Ворен Бафет, светски гуру за инвестирање во хартии од вредност.  Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy