Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДАЛИ Е МОЖНО, СО ПЛАТА ОД 4.000 ЕВРА НА „РАБОТ НА СИРОМАШТИЈА“: Во оваа европска земја најмногу пари се трошат за кирија и здравствено осигурување
Економија

ДАЛИ Е МОЖНО, СО ПЛАТА ОД 4.000 ЕВРА НА „РАБОТ НА СИРОМАШТИЈА“: Во оваа европска земја најмногу пари се трошат за кирија и здравствено осигурување

01/10/2023

AA

Додека во многу
земји плата од 4.000 евра би се сметала за добра, во Швајцарија тоа би значело
дека живеете на работ на сиромаштијата, пишува klix.ba.

Кирија, немање доволно
станбени единици и поскапување на здравственото осигурување. Кога сето тоа ќе
се среди, остануваат малку пари.

Според
извештаите, речиси 750.000 луѓе се погодени од сиромаштија.

– Ме фаќа грутка
во грлото кога ќе помислам на многу семејства кои се на работ на сиромаштијата.
Таа бројка не е мерлива – вели Даниел Лаупер од една хуманитарна организација.

Тој очекува уште
повеќе луѓе да побараат помош поради зголемувањето на премиите за здравствено
осигурување кое треба да стапи на сила следната година.

Имено, нивниот
министер за здравство изјави дека здравственото осигурување ќе се зголеми за
8,7 отсто во текот на наредната година.

Медиумите во
Швајцарија бјавија дека поскапувањето за семејство со две деца ќе изнесува
1.000 франци (околу 1.030 евра) годишно.

– Човек кој
работи во менаџмент плаќа иста премија за здравствено осигурување како градежен
работник. Ова покажува несолидарност – велат од Партијата на зелените.

Тие повикаа на
систем на здравствени трошоци што ќе се заснова на нивото на приход.

Иако инфлацијата
во Швајцарија е пониска отколку во повеќето европски земји, таа е многу висока
за швајцарските услови. Цената на киријата континуирано се зголемува. Се
очекува до 2026 година висината на закупнината да биде поголема за 15 отсто. А
тоа, како и малиот број слободни работни места, претставува товар.

Инфлацијата на
почетокот на годината изнесуваше 3,4 отсто, додека во август беше 1,6 отсто. И
покрај тоа, домашните производи се поскапи за 2,2 отсто во однос на лани.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

42-годишен мопедист загина на патот Меџитлија – Старавина

24/08/2026
Македонија

Превозниците повторно на протест: Бараат решение за правилото 90 дена

24/08/2026
Македонија

Почнува судењето за „Државна лотарија“: Груби и уште седум лица

24/08/2026
Македонија

Пожарот кај Илинден опасно се приближува до цистерни на „Макпетрол“

23/08/2026
Македонија

Артан Груби и уште седум други лица утре седнуваат на

23/08/2026
Македонија

Австрискиот амбасадор Памер по вандализмот на Шар Планина: Прашање е

23/08/2026
Македонија

Вооружен напад во Арачиново: Пукано кон „Шкода“ со две лица,

23/08/2026
Македонија

Езеро Рупа – скриениот бисер на Пелистер

23/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45200
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

42-годишен мопедист загина на патот Меџитлија – Старавина

24/08/2026

Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случила вчера попладне на регионалниот пат Меџитлија – Старавина, каде животот го загубил

Превозниците повторно на протест: Бараат решение за правилото 90 дена во Шенген

24/08/2026

Проблемот со ограничениот престој на професионалните возачи во Шенген-зоната повторно ги активира превозниците од регионот, кои најавуваат протести и бараат

Почнува судењето за „Државна лотарија“: Груби и уште седум лица на обвинителна клупа

24/08/2026

Пред Основниот кривичен суд во Скопје денеска започнува судскиот процес за случајот со „Државна лотарија“, во кој обвинети се поранешниот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy