Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дали е државна тајна производната цена на струјата од РЕК Битола?
Економија

Дали е државна тајна производната цена на струјата од РЕК Битола?

20/03/2024

AA

Која е производната цена на еден мегаватчас струја во РЕК Битола е прашање за милион долари! „Фактор“ цели две недели трпеливо чекаше одговори на едноставни прашања кои се однесуваат за производната цена на струјата за годинава и за лани. Чекаме безуспешно. Дали производната цена на РЕК Битола е повисока од цената на берза? Не знаеме. Дали производната цена навистина е државна тајна? Не и не смее да биде. Исто како што ЕСМ не смее, но ги крие податоците за тоа кога купува, колкави количини и по кои цени плаќа за секој купен мегаватчас годинава… Додека јавноста ја занимаваат со лизингот на функционерските коли бизнисот со струја на ЕСМ (купување и продажба н.з) чини милиони евра неделно!

Втора недела нема одговор од ЕСМ , државната компанија за производство на електрична енергија, за тоа колкава е производната цена за еден мегавачас струја што ја произведува најголемиот рударско-енергетски комбинат во земјава лоциран во пелагониската општина Новаци.

Раководството на ЕСМ во ниту еден момент не се почувствува повикано да одговори и да го демантира Дејан Трајковски, професор на битолскиот технички факултет кој јавно тврди дека производнаа цена на мегаватчас во битолскиот комбинат е над 140 евра и дека РЕК Битола произведува загуба.

Според неговата теза објавена на неговиот профил на социјалните мрежи главна причина за високата производствена цена е увозот на нискоквалитетен грчки јаглен во комбинација со експлоатацијата на домашните рудни наоѓалишта кои ги користи РЕК Битола.

За жал не можеме да дадеме контекст на значењето на РЕК Битола за македонското производство на струја затоа што електропреносниот систем-оператор МЕПСО е целосно хакиран и неговиот сајт е недостапен за увид. На тој сајт во диспечерските месечни извештаи ги има податоците за производство на електрична енергија во македонскиот систем.

Во овој момент единствен релевантен извор на податоци е сајтот на Регулаторната комија за енергетика, но таму се објавуваат само годишни извештаи.

Во недостиг на официјални податоци за производната цена на струјата од најголемиот производител на струја се наметнува дилемата дали РЕК Битола произведува струја по цена која е повисока од таа по која струјата се тргува на некоја од берзите во нашиот регион. А ЕСМ не наоѓа за сходно да демантира и да аргументира дека тоа не е така.

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026
Македонија

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ

25/09/2026
Македонија

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ

25/09/2026
Македонија

🎥 (ВО ЖИВО) МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО

25/09/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОКРЕНА ИСТРАГА ЗА ГОЛЕМИОТ ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ Меѓу 19-те

25/09/2026
Македонија

САШО МИЈАЛКОВ НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО БАРУТАНА Демантирани тврдењата на

25/09/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ДА ПРОДЛОЖАТ, А НАПРЕДОКОТ КОН ЕУ ДА БИДЕ ЗАСНОВАН

25/09/2026
Македонија

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45810
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026

Во Косово денеска е уапсен Рами Кучи, првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ Петрушевски за говорот на Мицкоски

25/09/2026

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија Алфа во емисијата „Колегиум”, го коментираше обраќањето на претседателот на Владата,

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ И СО САД Мицкоски од

25/09/2026

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, ги претстави трите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy