Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дали долговите за струја ќе ги „потонат“ општините?
Економија

Дали долговите за струја ќе ги „потонат“ општините?

21/04/2023

AA

Како
последица од глобалните предизвици, Европа, од што исклучок не е ниту Македонија, се соочи со енормно зголемување на цените на енергенсите. Освен
централниот Буџет, на удар се најдоа и единиците на локална самоуправа, кои и
онака веќе со години се задолжени и се на работ на сервисирање на своите
основни системски функции.

Анализите
кои годиниве наназад ги спроведуваат релевантни невладини и меѓународни
организации говорат дека поради се поголемите долгови на општините се намалува
капацитетот на локалните самоуправи да реализираат капитални инвестиции и со
тоа да ги подобрат условите за нормално и современо секојдневно функционирање и
живот на нивните граѓани.

Според
последните јавно достапни податоци на крајот од декември 2022 година вкупниот
долг на општините достигнал 66,2 милиони евра. Дополнително, на крајот на 2022 година
општинските јавни претпријатија пријавиле доспеани, а неплатени обврски во
износ од 75,6 милиони евра, што во однос на долговите пријавени на крајот на
2021 година претставува зголемување од близу 17 милиони евра.

А,
претпоставките се дека овој долг во изминатиот период е значително зголемен,
особено во делот на долговите за потрошена електрична енергија.

Како да се
најде решение за долговите на општините и јавните претпријатија кои со години
наназад запаѓаат во се поголеми долгови и неможност да ги сервисираат
доспеаните сметки од добавувачите?

За една
милијарда зголемени само трошоците за електрична енергија

Според
анализата спроведена од УНДП за функционирањето на општините во текот на
енергетската криза во периодот од јануари до септември 2022 година општините ги
зголемиле трошоците за потрошена електрична енергија за една милијарда денари.

И
министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов неодамна во интервју за МИА ги
коментираше неповолните финансиски состојби во општините.

Пенов
вели општините во 2022 ги зголемиле трошоците за енергија за една милијарда во
однос на претходната година, а од друга страна инвестирањето во капитални
проекти во општините се намалени за 1,9 милијарди денари. Министерот се сомнева
дека таа дополнителна милијарда е потрошена на неекономски, неефикасни мерки и
проекти и сето тоа говори за лош менаџмент од страна на општинските раководства.

„Сето тоа говори за еден многу лош менаџерски
однос на, не сакам да речам само градоначалниците, туку и советите и управите
во општините“, заклучи тогаш министерот Пенов.

Најголем дел од долговите
кои што во изминатите години ги имаат натрупано општините и јавните
претпријатија отпаѓаат ја јавните комунални претпријатија кои испорачуваат
есенцијални услуги кон жителите на општините.

Во топ најголеми должници
на листата заклучно со податоците од крајот на декември 2022 се наоѓаат ЈП
Колекторски систем Скопје со долг од 9,3 милиони евра,ЈП Водовод и Канализација
– Скопје со 9,2 милиони евра, ЈП Водовод Куманово со 8,8 милиони евра, ЈП
Водовод Охрид со вкупен долг од 6 милион евра, ЈКП Тетово должи 5,5 милиони
евра.

Има ли
решение за лошото менаџирање со општинските каси?

Решението на овие проблеми
според надлежните не би можело брзо да се најде и спроведе бидејќи процесот на
децентрализација се регулира со закон што се носи со двотретинско мнозинство.

И додека сметките за некои
од основните услови за работа во општините и јавни претпријатија стојат
неплатени, редовно се трошат пари на непродуктивни трошоци како нови
автомобили, скапи мобилни телефони, високи хонорари и нови вработувања во и
онака многубројна администрација.

Поради натрупаните
долгови, општините неретко апелираат за помош од државата. Но, според
експертите финансиските инјекции од централната власт кон единиците на
локалната самоуправа за регулирање на нивните долгови не може да биде решение
на состојбите. Неопходно е да се најде одржливо решение кое на долг рок ќе
обезбеди финансиска стабилност на општини.

Поголема дисциплина во
самите општински раководства и рационализирање на трошоците е она што
експертите сметаат дека е неопходно за да се воведе ред во општините и да се
намалат нивните долгови.

Зошто се
изигрува законот за јавни набавки?

Приватните
компании кои испорачуваат услуги и добра кон општините и јавните претпријатија
укажуваат и на недоследно почитување на Законот за јавни набавки при спроведување
на тендери. Велат иако е законска обврска за општините и јавните претпријатија
истите свесно не обезбедуваат банкарска гаранција која би можела да се активира
во случај да не се платат фактурите за веќе испорачаните услуги.

Поради
тоа,  голем број компании остануваат без
начин како да ги наплатат стоките или услугите за кои имаат склучено договор и
ги испорачале согласно договорените рокови и услови.

Централната
и локалните власти се соочуваат со сериозни предизвици на среден и долг рок.
Игнорирање на акумулираните финансиски неисплатени обврски не може вечно да се
одолговлекуваат, бидејќи најголемиот дел од истите се за неисплатени фактури за
испорачана и веќе потрошена електрична енергија. Приватните компании не се во
состојба подолг период да ги кредитираат институциите, бидејќи на таков начин
си го загрозуваат сопственото финансиско портфолио. Оттука, неминовно ќе следат
радикални чекори. Освен прекин на испораката на електрична енергија многу е
извесно дека приватните компании ќе бидат принудени низ правосудни постапки да
си наплаќаат побарувањата. Не е исклучено тоа да го наруши меѓународниот имиџ
на државата која има обврска да обезеди правна сигурност и финансиска
дисциплина во сервисирање на побарувањата во јавниот сектор.

Ф.Р.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПИЈАН МАЖ СО НОЖ ЈА НАПАДНАЛ 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА Во струшката

15/02/2026
Македонија

ЗАМИНА ЛЕГЕНДАТА НА ДРАМСКИ: Почина актерката Ленче Делова на 77-годишна

15/02/2026
Македонија

🎥 ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ ЗА НАС НЕ Е МИЛОСТ, ТУКУ

15/02/2026
Македонија

ВО 2020 ГОДИНА ВЛАДАТА НА СДСМ Ѝ ДАЛА ОДОБРЕНИЕ НА

15/02/2026
Македонија

СО КОЊСКА КОЛА ВЛЕГЛЕ ВО ФАБРИКА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Наместо

15/02/2026
Македонија

„МАКЕДОНИЈА Е ГЛАС НА РАЗУМОТ“: Мицкоски со Зеленски во Минхен

15/02/2026
Македонија

„Мобилизација во Сарај“: Првиот вицепремиер Сали и директорот Али на

15/02/2026
Македонија

„МЕРЦЕДЕСОТ“ ВРЕДИ МИЛИОН, А УВЕЗЕН ЗА 650.000 ЕВРА: Кој е

15/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41498
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПИЈАН МАЖ СО НОЖ ЈА НАПАДНАЛ 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА Во струшката болница ѝ констатирале телесни повреди

15/02/2026

Пијан скопјанец ја нападнал со нож неговата 17-годишна девојка со која живеел во вонбрачна заедница. Таа била пренесена во Општа

ЗАМИНА ЛЕГЕНДАТА НА ДРАМСКИ: Почина актерката Ленче Делова на 77-годишна возраст

15/02/2026

Македонското глумиште остана посиромашно за уште едно големо име. На 77-годишна возраст почина истакнатата театарска, филмска и телевизиска актерка Ленче

🎥 ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ ЗА НАС НЕ Е МИЛОСТ, ТУКУ Е ОДАМНА ЗАСЛУЖЕНО Порака на

15/02/2026

За нас членството во Европската Унија не е милост, туку нешто што одамна го заслуживме, изјави премиерот Христијан Мицкоски во

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy