
Даку притиснат од УЕФА им се „извини“ на Македонците – без воопшто да ги спомне (ФОТО)
Во неговото неискрено покајување, барем таков е впечатокот кога ќе се прочита соопштението, тој им се извинува на македонските граѓани, но без воопшто да ги спомне конкретно. Неговото каење се однесува кон тие што се почувствувале навредено од неговото однесување, кое беше недолично и ужасно за професионален фудбалер, макар тој бил од Албанија.
Неговото оправдување е еуфоријата поради освоениот бод против големиот фаворит, како и атмосферата што ја направиле илјадниците албански навивачи. Целото извинување може да го причитата во неговата објава на Фејсбук.

