
Дачиќ смета дека Макрон сепак нема да ги врати визите за нивните граѓани
Заканата на Макрон за воведување визи не е реална, вели српскиот шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ.
Тој изјави дека не ја смета за реална промената на визната политика што ја најави францускиот претседател Емануел Макрон доколку Белград и Приштина не ги исполнат своите обврски.
„Мислам дека тоа не е реално и дека не е можно и мислам дека е повеќе закана насочена кон Косово отколку кон Србија. Србија со ниту еден нејзин потег не ги загрози мировните преговори“, изјави Дачиќ за телевизијата Прва.
Косовската претседателка Вјоса Османи денеска изјави дека евентуална одлука за укинување на визниот систем за косовските граѓани од 1 јануари 2024 година ќе го уништи дијалогот меѓу двете земји.
Таа реагираше на изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон, кој завчера рече дека неговата земја ќе ги преразгледа преземените обврски во однос на економските прашања и визната политика за Косово и Србија.
