
Дабл-дабл на Димитријевиќ со 14 асистенции
Бранителот на титулата го совлада Уралмаш со 94-67 и тоа на крилјата на нашиот кошаркар кој беше главен протагонист на мечот. За 26 минути на теренот, Димитријевиќ оствари дабл дабл со 12 поени (10/10 од линијата за слободни фрлања) и 14 асистенции за индекс 32, убедливо највисок на натпреварот.
За Уникс ова беше трета победа во сезоната во исто толку одиграни натпревари, а претходно ги совлада Локомотив Кубан и Минск.