Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Да се подобри професионалната поддршка за мајките кои работат
Економија

Да се подобри професионалната поддршка за мајките кои работат

21/02/2024

AA

Кога
таткото заработува и е затрупан со работни обврски тогаш е херој кој се грижи
за семејството, а често истото е обратно за мајката која наидува на осуди дека
е себична ако работи.

Мајката не треба да заборави на кариерните
амбиции, смета Данче Азманова Мирчевска, Основачка на платформата WorkingMom со
која разговаравме за подршката која им е неопходна на младите мајки кога прават
кариера пауза поради породилно отсуство и продолжувањето на професионалниот
пат.

„И во 21 век за жал сведоци сме дека фокусот е
ставен на традиционалното општествено уверување дека мажот е оној кој по
основање семејство треба да се фокусира на правењето пари, а жената освен што
би имала некоја просечна или обична работа треба исклучиво да се фокусира на
одгледувањето на децата, но за среќа многу современи мајки го менуваат токму
овој застарен наратив“, вели таа.

Финансиската
слобода не е невозможна мисија. Правото на работа и заработка не може никој да
го ограничи. Професионалниот пат по бременоста може полесно да се изоди.

„Еве неколку корисни практики што мене лично
ми помогнаа да стекнам финансиска слобода:

● 
Водете ваш  личен буџет каде што секој ден ќе ги
евидентирате сите приходи и расходи.

● 
Имајте фонд што се вели за „црни
денови“ што ќе покрива 3 до 6 месеци од вашите лични трошоци.

● 
Инвестирајте во фондови со добра
камата.

И секако, ако финансиите не ви се силна
страна, побарајте помош од стручно лице како финансиски советник или брокер“,
вели Азманова.

Личните
искуства на мајките кои работат се одличен ресурс за споделување совети и
искуства дека не се сами.

„Навистина е важно да тргнеме од себе и да го
вреднуваме нашето знаење и вештини. Затоа што ако не се вреднуваме себеси, она
што го работиме, она за што сме се едуцирале и сме учеле долги години, ќе ни
биде навистина тешко да го наплатиме нашиот личен труд бидеќи ќе ни биде
незгодно да побараме цена за која што можеби сметаме дека е превисока.  Затоа, разговарајте со луѓето што го живеат
финансиското изобилство што вие го посакувате, читајте за нив и гледајте што прават.
А, потоа размислете како да ги воведете нивните навики во своето секојдневие. И
не заборавајте дека сиромашните луѓе имаат големи телевизори. Богатите луѓе
имаат голема домашна библиотека“, заклучува Азманова.

Х.С.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy