Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ…“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“
Економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ…“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

17/05/2024

AA

Остваруваат ли најдобрите пет компании членки на Стопанската комора над една
милјарда евра профит заедно. Колку тежат нашите бизнисмени? Колку време е во
комората Бранко Азески и дали и тој самиот некогаш се обидел да се оствари со своја
бизнис компанија.

Денеска може и сами да го видите целото интервју со првиот човек
на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески во поткастот на
Фактор, „Бизнис Муабети“.

Нашиот колега Мишко Иванов, без влакана на јазикот го прашуваше Азески за
сите теми, но ниту Азески не се возджа од коментари.

Една од многубројните теми на кои се дискутираше беше и прашањето кој
краде, или уште поинтересно кој не краде кај нас.

–  Мислам дека и асистентките крадат од спајалиците. Ако секој ден крадат по
една спајалица ќе го рушат системот. Секако симболично кажано. Ако во хотел
секој ден се краде по една вилјушка, ќе се распадне хотелот.

Епа сега, една држава да се краде од буџетот 32 години, на немилосрден
начин, и да не може тоа да се спречи… – вели Азески.

Иванов и Азески разговараа на многу теми, меѓу кои и какви акции биле
преземени во времето на распаѓањето на Југославија, каде меѓу другото ги начнаа
темите комуњар, вмро-вец… Политичките теми секако се неизбежни во разговори
со личност која важи за главен претставник на бизнис заедницата на Македонија.

–  Ако размислувам на темата како обичен граѓанин, би рекол дека обидот во
еден мандат да се решат две клучни прашања, и со Грција и со Бугарија, е тешка
грешка. За тој терет да го изнесе само една партија. Дали е храбро да загинеш,
не знам – вели Азески.

Меѓу другото Азески укажува на кој начин би можела нашата земја да се
развива во иднина.

–  За Македонија, најдобро решение е да се преземе германскиот случај, во кој
ќе се направи заедничка влада на сите партии, во кои ќе се подделат
одговорностите и правата, без да се заборават сите аномалии кои биле во
претходниот период и кои треба да бидат санкционирани – вели Азески.

Во свој препознатлив стил Азески со конкретни одговори на сите прашања.

Целото интервју може да го гледате на Јутуб каналот „Бизнис муабети“, но и
на нашиот сајт, каде соговорниците продискутираа и на темата олигархија, или моќта
на олигарсите во нашата земја, за кои често се споменува дека ги диктираат
политичките одлуки. Слушнете што точно кажа Азески.

Фото: Принтскрин/Јутуб

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy