Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДА НЕМА СОМНЕЖ – НОВИОТ ЗАКОН ЗА ИГРИ НА СРЕЌА НЕМА ДА ЈА  УНАПРЕДИ ДЕЈНОСТА
Економија

ДА НЕМА СОМНЕЖ – НОВИОТ ЗАКОН ЗА ИГРИ НА СРЕЌА НЕМА ДА ЈА УНАПРЕДИ ДЕЈНОСТА

08/03/2023

AA

Од Предлог законот да биде тргнато
европското знаме и истиот целосно да биде повлечен за да се остави простор за
широка дискусија во која бизнис секторот ќе може да ги аргументира своите
ставови, со цел носење ефикасен и европски закон.

Групацијата за
игри на среќа при Стопанската комора на Северна Македонија уште еднаш јавно го
изразува ставот на приредувачите на игри на среќа во пресрет на носење на нов
закон за игри на среќа кој се наоѓа во собраниска процедура (изгласан на
седница на Влада на 21.2.2023 година). За членките на Групацијата постапката
која се спроведува за носење на законот во Парламентот е спорна по неколку
основи:

Прво, на новиот Закон за игри на среќа се
става европско знаме иако во Европската Унија не постои посебна Директива која
ги уредува игрите на среќа, туку е оставено секоја земја поединечно да го
регулира законското работење. Европското знаме на овој нов предлог закон се
става само со повикување на Препораката од ЕУ – CELEX32014H0478 која се
однесува на заштита на потрошувачите и играчите на интернет игри на среќа и
спречување на малолетниците за учество во интернет игрите на среќа. Оваа
препорака не е обврзувачка ниту за членките на ЕУ а уште помалку за пристапните
земји членки. Преку ставање на ЕУ знаме на Законот, истиот наместо во матичната
комисија за финансирање и буџет, ќе биде ставен на разгледување во Комисијата за европски прашања во
Собранието на РСМ, а со тоа се оневозможува да се отвори јавна расправа по
предлог законот.

Второ, иако образложението е
дека новиот предлог Закон се носи со цел да се унапреди дејноста, всушност,
компаниите членки на Групацијата на игри на среќа при Комората укажуваат дека
измените ќе значат тотално гаснење на индустријата на игри на среќа и ќе
поттикна сива економија во дејноста, која сега со постојната законска
регулатива е на исклучително високо ниво регулирана и усогласена со европските
закони.

Трето, предлог законот не се носи во транспарентна процедура, и на овој начин
се заобиколува правната сигурност во дејност во која за своето работење сите
компании имаат важечки лиценци за работа со кои се обврзуваат и гарантираат
почитување на пропишаните законски прописи, регулативи, норми и сл. 

Во предлог законот и овој пат е изоставен делот со кој се овозможува
приредувачите да организираат онлајн игри на среќа како во сите европски земји.
Од компаниите членки на Групацијата за игри на среќа при Стопанската комора,
директно и индиректно редовни примања добиваат околу 54.000 луѓе. Укажувањата
се дека ако се изгласа законот како што е предложен, ќе се стави клуч на врата
на легалните приредувачи на игри на среќа, но играњето нема да запре и играчите
ќе бараат алтернатива и ќе се префрлат на нелегални локации, каде државата ќе
нема контрола ниту врз средствата, ниту врз безбедноста на играчите.
За таа цел се бара од Предлог законот да биде тргнато европското знаме и истиот целосно
да биде повлечен за да се остави простор за широка дискусија во која бизнис
секторот ќе може да ги аргументира своите ставови, со цел носење ефикасен и
европски закон.

Приредувачите на игри на среќа како општествено одговорни компании
продолжуваат и со активни едукативни кампањи и силна финансиска поддршка,
поради што постои верување дека укажувањата на бизнисот ќе бидат земени во
предвид и во Собранието нема да се изгласа закон чии штетни последици ќе бидат
повеќекратни.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy