
„ДА МИ СЕ ОТСЕЧЕ РАКАТА ШТО ГЛАСАВ ЗА ТЕБЕ“: Жител на Волос му се развика на градоначалникот, а тој го удри по глава (ВИДЕО)
Се појави видео
снимка на која се гледа како градоначалникот на Волос, Ахилеас Беос, удира
граѓанин кој го навредувал.
Инцидентот се
случил во саботата наутро во областа Али Мерија во градот, која е силно
погодена од поплавите и од невремето Илиас.
На видеото се
слуша како граѓанинот му се обраќа на градоначалникот со зборовите: „да ми се
отсече раката што те гласаше“ пред градоначалникот да се заврти и да го удри по
глава.
Според локалната
веб-страница, gegonota.news, која го објави видеото, жителите на Али Мерија се
собрале на мостот оштетен од невремето за да спречат излевање на водата.
Реакциите по овој инцидент во Грција не стивнуваат.