
„Да ја преземеме политичката одлука и цената за идните генерации“, рече Џафери за уставните измени кои ги чека од Влада
Претседателот на законодавниот дом Талат Џафери очекува во следните денови Владата да поднесе до Собранието иницијатива за промени во Уставот.
Според него уставните измени се потребни да се донесат за остварување на стратешката цел на РСМ тоа е членство во ЕУ.
„Ова не е интерес само на владеачкото мнозинство туку интерес на државата. Секое одложување ќе донесе само полошо решение од ова што го имаме сега и сметам дека ние мораме да ја преземеме политичката одлука и цена за идните генерации“, рече Џафери на брифинг со новинарите.