Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Д-Р ГЕОРГИЕВА ЈОВЕВСКА ЕДНА ОД ГОДИНЕШНИТЕ “НАЈУСПЕШНИ ЖЕНИ МЕНАЏЕРКИ” ОСТВАРИ СРЕДБА СО ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ДРЖАВАВА ГОРДАНА СИЉАНОВСКА ДАВКОВА
Економија

Д-Р ГЕОРГИЕВА ЈОВЕВСКА ЕДНА ОД ГОДИНЕШНИТЕ “НАЈУСПЕШНИ ЖЕНИ МЕНАЏЕРКИ” ОСТВАРИ СРЕДБА СО ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ДРЖАВАВА ГОРДАНА СИЉАНОВСКА ДАВКОВА

13/07/2024

AA

Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова на 13.07.2024 година во “Вила Билјана” во Охрид, оствари средба со наградените од страна на агенцијата “Марили” жени претприемачки за 2024 година, настан кој во нашата земја традиционално секоја година ги истакнува најуспешните жени.

На средбата со претседателката Сиљановска Давкова, д-р Јелисавета Георгиевa Јовевска, потпретседателка на Стопанската комора и советничка во Кабинетот на претседателот на Комора за економски развој и инфраструктура, истакна дека со оваа средба претседателката на РСМ дава поддршка и го поттикнува квалитетот кој со упорна работа и многу вложен труд излегува на виделина.

Георгиева Јовевска на средбата која имаше цел да се поттикне вложувањето во себе, постојаната едукација, способностите и позицијата која жените ги имаат во нашата земја и кои нималку не се поразлични од оние во западните земји, подвлече дека во целиот 22 годишен период додека работи во Стопанската комора на Македонија ниту еднаш не се почувствувала инфериорно поради тоа што е жена, туку напротив, во рамноправна борба каде преовладува квалитетот и знаењето а не полот, националната припадност или друго, покажала и докажала дека може да се постигнат високи достигнувања.

Високи достигнувања можат да се постигнат доколку една личност има доволно самодоверба, многу знаење, постојана надоградба, етичност и морал од една страна но и упорност и истрајност од друга страна да ги надмине сите предизвици и да стигне до целта. При тоа, кога се работи за жена, да не се занемари можеби најважната улога која по природа една жена ја има, а тоа е во исто време освен професионално рамноправно да чекори и да се бори да биде и силна потпора и столб на семејството.

Претседателката Сиљановска Давкова ја потврди поддршката за сите жени кои преку свој труд и макотрпна работа претставуваат пример и мотив за младите генерации кои добро е да се задржат тука бидејќи нашата држава има потенцијал кој треба да се искористи.

За оваа награда и признание д-р Јелисавета Георгиева Јовевска е препознаена и пофалена како една од водечките жени менаџери во земјата поради нејзиниот придонес во Комората. Во својата 22-годишна кариера, Георгиева Јовевска извршува клучни позиции во Стопанската комора, како генерален секретар и извршен директор на Комората, и шеф на кабинет на претседателот на Комората. Преку нејзините управувачки и лидерски вештини таа успешно води бројни иницијативи на Комората што ги засили позициите на македонските компании и го зајакна коморското вмрежување.

Покрај Георгиева Јовевска која беше наградена жена од Стопанската комора на Северна Македонија, годинешни лауреатки на “Марили“ се и: Катерина Бошевска, генерален директор на ЕОS Македонија и  EOS Косово, Жанета Бадаровска Ѓорѓиевска, генерален менаџер на Камел 98-Виница, Евгенија Ѓорѓиеска, извршен менаџер на Ламинати КОМ ДОО-Прилеп, Цветанка Илиева, генерален менаџер на Бистро Груп ДОО -Гевгелија, Ирена Јакимова, генерален менаџер на Инспирит Коучинг-Скопје, Клаудија Лутовска, генерален менаџер на Сеттим Консалтинг-Битола, Марија Патриклиска, менаџер за човечки ресурси ЕАМ ДОО-Штип, Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк АД-Скопје, Весна Ставрова генерален менаџер на ПЗУ Аптека  „Сара Фарм“-Скопје, Сања Путица, менаџер за односи со јавност и инвеститор во Атлантска пловидба д.д-Хрватска, Дариа Шуриќ, генерален менаџер на DarMell-Хрватска и Зорана Пејчиќ, генерален менаџер и претседател на ИО на Дунав Реосигурување-Србија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy