Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Д-р Драгана Чифлиганец во „Бизнис-клуб“: „Потребна е вистинска примена на законите и поголема финансиска дисциплина за развој на економијата“
Економија

Д-р Драгана Чифлиганец во „Бизнис-клуб“: „Потребна е вистинска примена на законите и поголема финансиска дисциплина за развој на економијата“

05/12/2024

AA

Во втората епизода на подкастот „Бизнис-клуб“, претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески разговара со д-р Драгана Чифлиганец, претставник на помладата генерација бизнисмени и потпретседател на Стопанската комора на Северна Македонија. Во разговорот со д-р Драгана Чифлиганец, која е прва дама на чело на градежна компанија и синоним за „Адора инженеринг“, се изнесуваат факти за градежната индустрија, но и за предизвиците со кои се соочува македонската економија.

„На Македонија ѝ е потребна национална стратегија за 10-15 години, која ќе биде поддржана од сите политички партии и која ќе се применува без разлика на тоа кој е на власт. Таа ќе опфати активности за намалување на корупцијата и активности за подобрување на образованието, кое е клучен фактор за една економија“, потенцираше  д-р Чифлиганец.

Д-р Драгана Чифлиганец докторирала на Правниот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје на тема „Управување со мали и средни претпријатија“, која нашла примена и во нејзиното работење. Од 2006 година е извршен директор на „Адора инженеринг“, а успехот на нивната компанија се темели врз мотото „Дисциплина и многу работа водат кон успех“.

Во разговорот со претседателот Азески ја истакнува потребата од реална примена на финансиска дисциплина и од преземање одговорност за грешките, што е основа за намалување на корупцијата, како и за соработка меѓу Комората и Владата, па токму затоа треба да се залагаме за градење стабилни платформи за јакнење на партнерството и на дијалогот меѓу јавниот и приватниот сектор.

„Бизнисот е брз и динамичен, па затоа при носењето на законите, регулативите и на прописите од областа на економијата гласот на бизнисот треба да биде уште посилен. На бизнисот му требаат брзи одлуки и решенија, па затоа е потребно да се има воспоставен правен систем, почитување на стручноста, департизација и примена на законите. Треба да има сѐ помалку примери кога поединецот се става над законите“, потенцираше д-р Чифлиганец.

Во однос на трите диспаритети на македонската економија што ги наведе претседателот Азески – 1) односот меѓу капиталот и трудот 2) односот меѓу издржуваното и работоспособното население и 3) континуитетот на спроведување на законите – д-р Чифлиганец истакна дека работникот треба да добие поголема плата, но дека, сепак, најбитен момент е продуктивноста која треба да ја даде, а тоа е сериозен проблем кај нас.

Д-р Драгана Чифлиганец е добитник на повеќе награди: интернационална награда „Дама на годината“ за иновативност во домувањето и за филантропија (Белград, Србија); „40 под 40“, награда на Самитот за водечки бизнис во Амстердам; признание  „Дама во градежништвото“ на Интернационалниот саем за градежништво и недвижнини, како и „Жена менаџер на годината“ во организација на „Марили“ и на Министерството за економија на Република Македонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy